Совршени за прошетка: Најколоритните улици што постојат на Земјата

Додека во некои градови постојат обични и тмурни градби, некои области се збогатени со фасади во боите на виножитото што внесуваат позитивност во животот. Во продолжение проследете дел од најживописните улици на Земјата.

1. Ел Каминито (Буенос Аирес, Аргентина)

Областа Ла Бока во Буенос Аирес првично била дом на голема емигрантска популација. Денес, таму постои работничка класа којашто е позната по уличната уметност. Главната пешачка патека, ел Каминито, е дел каде што постојат разнобојни згради преполни со изведувачи, уметници и кафулиња на отворено.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

2. Стариот град Колмар (Франција)

Овој град изгледа како да е директно извлечен од бајките. Уникатната архитектура вклучува светли француски ролетни и германските половични градби од дрво, покажувајќи ни две различни култури споени во едно. Низ стариот дел може да се забележи и канал, поради што овој град го добил прекарот „Мала Венеција.“

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

3. Најхаувен (Копенхаген, Данска)

Шарените фасади на оваа улица се едни од најпознатите во цела Европа. Интересно е тоа што во една од овие згради некогаш живеел Ханс Кристијан Андерсен.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

4. Улица на виножитото (Чарлстон, Јужна Каролина)

Оваа улица ќе ви го подобри денот. Низата од тринаесет пастелни грузиски куќи е една од најпосетуваните знаменитости на градот.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

5. Стариот град Шавен (Мароко)

Овој мал северен град во Мароко е опкружен со планини и е познат по својата мешавина од шпанска и муслиманска архитектура, покриена со нијанси на сина боја. Се смета дека бојата е воведена од еврејските имигранти, коишто го обоиле градот за да ги имитираат небото и рајот.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

6. Улица на бонбоните (Њуфаунланд, Канада)

Можеби ќе помислите дека студените зими во Канада се депресивни, но не и ако живеете на оваа улица. Овој дел од градот Свети Џонс е обложен со прекрасни куќи обоени во црвена, сина, жолта и боја на лаванда. Не е изненадувачки што ова е најфотографираното место во Канада.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

7. Лас Палмитас (Пачука, Мексико)

Мексиканската влада спонзорирала проект за урбано уредување, со што го претвориле ова место рај за уличната уметност. Како резултат на проектот, околу 2.000 домови биле трансформирани во анимирани јавни уметнички изложби.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

8. Пасеа Џервасони (Валпараисо, Чиле)

Бојата е многу значајна во овој пристанишен град на централниот брег на Чиле. Тесните, ридски улици нудат прекрасна глетка. Тука може да се видат огромни графити и згради со светло обоени фасади.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

9. Пазарен плоштад (Варшава, Полска)

Овој дел е исполнет со светли згради во весели бои коишто датираат од 13-тиот век. Голем дел од стариот градски плоштад бил уништен за време на Втората светска војна, а потоа бил целосно реконструиран.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

10. Фондамента Понтинело (Бурано, Италија)

Островот Бурано, градот на уметниците и рибарите, е интересен поради куќите обоени во боите на виножитото што се наоѓаат покрај смарагдно зелениот канал. Се смета дека рибарите ја почнале традицијата на боењето на куќите со цел да си помогнат да ги идентификуваат нивните домови.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

11. Ру Кремиу (Париз, Франција)

Оваа улица е една од најдобро чуваните тајни на Париз… и оние коишто го откриле ова се надеваат дека тоа ќе остане така!

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

12. Бо Каап (Кејптаун, Јужноафриканска Република)

Овој првенствено муслимански дел се трансформирал по апартхејдот, кога жителите одлучиле да го обојат со различни прекрасни бои. Денес е популарна туристичка атракција, добро позната по обоените куќи изградени на мали улици со калдрма.

Неодоливо: Најколоритните улици коишто постојат на земјата

Кое место ви се допадна најмногу?


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар