Совети за вистинска елеганција и стил: Безвремени цитати од Коко Шанел

Совети за вистинска елеганција и стил: Безвремени цитати од Коко Шанел

Таа е кралица на стилот која направи револуција во светот на модата, создавачка на малиот црн фустан и незаменливиот парфем „Chanel No. 5“. Таа беше остар меч во бизнисот и имаше свои независни погледи во врска со сè. Ви пренесуваме 22 забавни и интересни цитати за модата, кои ќе ви дадат и поглед однатре, бидејќи кој ќе ви овозможи подобри совети за стилот, ако не незаменливата Коко Шанел?

Coco Chanel, couturičre française. Paris, 1936.     LIP-6958-102

„Внимавајте со оригиналноста. Оригиналноста во женската мода може да доведе до маскенбал.“

„Едноставноста е клучот на вистинската елеганција.“

„Грижата за изгледот започнува во срцето и душата. Производите за разубавување сами по себе нема да помогнат.“

„Не е можно жената да се чувствува лошо расположена ако носи добра облека.“

„Чипката е една од најраскошните имитации на природата. Но, бисерите се совршени за секоја прилика.“

„Во своите дваесетти, жената има лице кое ѝ го дала природата. Во своите триесетти, има лице кое самата си го направила. Во своите четириесетти има лице кое го заслужила.“

„Рацете на една жена се нејзината визит-карта. Нејзиниот врат и биста се нејзиниот пасош.“

„Годините не се битни. Можете да изгледате прекрасно во дваесеттите, да бидете неверојатни во вашите четириесетти и да останете фабулозни до крајот на животот.“

„Парфемот е невидлив, но задолжителен и неопходен моден „прибор“. Го најавува влезот во собата на личноста која го носи, и ги потсетува другите на неа, кога таа не е присутна.“

„Ако некогаш сте биле воодушевени од убавината на некоја жена, но не можете да се сетите што носела, тогаш таа се облекла совршено.“

„Најдобар накит за една жена е згоден маж.“

Совети за вистинска елеганција и стил: Безвремени совети од Коко Шанел

„Ништо не го прави некој да изгледа постаро отколку обидот да изгледа младо.“

„’Кога треба да нанесам парфем?’ – ме праша една млада жена. Мојот одговор беше: ‘Тогаш кога сакаш да бидеш бакнувана!’“

„Жената која не користи козметика, има превисоко мислење за себе.“

„Што полошо се чувствува една жена, толку подобро би требало да изгледа.“

„Некои луѓе мислат дека луксузот е спротивност на сиромаштијата. Не е. Спротивност е вулгарноста.“

„Ако имате криви нозе, облечете нешто деколтирано.“

„Оние кои имаат добар вкус ќе носат накит. Останатите ќе се задоволат со злато.“

„Немојте да се обидувате да изгледате помладо. Никој не може да каже за себе дека е млад, доколку има 50 години. Но, знам многу педесетгодишни жени кои изгледаат подобро од многу млади жени.“

„Фустанот може да биде ставен на закачалка, но тоа ништо не ни кажува. За него можеме да судиме откако една жена ќе го облече, ќе ги поткрене своите рамена, нозе и ќе се свитка во струкот.“

„Кога ќе ставете неколку парчиња накит, соблечете го последното што сте го ставиле на себе.“

„Не постојат грди жени, само мрзливи.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар