Совети за додворување од животните

Совети за додворување од животните

Ако ви фалат идеи како да импресионирате некого, животните можат да ви помогнат.

Совети за додворување од животните

Кога еленот ќе се вљуби, спремен е да загуби и до 30% од сопствената тежина, само за да ја привлече саканата. Дури потоа следува борбата со рогови со другите елени.

Царскиот пингвин ги користи своите вокални способности за серенада. На својата партнерка може да ѝ испее цела песна за да го освои нејзиното срце.

Совети за додворување од животните

Еден вид врапчиња кој живее во Австралија и Океанија во животинскиот свет е познат по својата посветеност кон семејството со тоа што гради куќа од стапчиња, треви и ситни предмети во разни бои. Не гнездо, туку цела колиба во која лесно ги собира нив двајцата со малечките. Убавината на куќата ја привлекува женката.

Совети за додворување од животните

Фламингото прави движења со кои ги покажува своите пердуви. Со нив ја импресионира потенцијалната партнерка и таа полесно му се предава.

Слично се однесува и паунот. Кога ќе ги покаже пердувите на својата опашка веднаш станува привлечен.

Природата им дала егзотични шарени костими, но рајските птици додаваат и сопствена кореографија во обидот да најдат партнерка.

И птицата манакин танцува. Тие се перчат пред девојките од нивниот вид со месечевиот од, познат од сценските настапи на Мајкл Џексон.

Розовиот делфин од Амазон настапува многу директно, давајќи ѝ камења на својата сакана. Тоа не се скапоцени камења, туку обични речни камења што ги наоѓа додека плива. Сепак, тие имаат голема вредност во делфинскиот свет.

Желките мавтаат со ноктите пред лицето на својата избраничка. Кога таа ќе го насочи погледот кон него после овој чин, значи дека срцето ѝ е освоено.

Вообичаеното однесување машкиот рак го заменува со несекојдневни движења на канџите, само за да ѝ „боде“ очи на потенцијалната партнерка.

Белоглавиот орел ја носи женката во авантура со тоа што прави спектакуларни превртувања додека лета заедно со неа.

Совети за додворување од животните


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. alma Reply

    aaa vrapcive materijalisti ….ccccc

Остави коментар