Сонување на иднината: Вистински приказни за претскажувачки соништа

Иако не се зборува многу за овој феномен, изгледа тој е чест колку и познатото дежа ву. При овој феномен на претскажувачки соништа луѓето сонуваат нешто, а потоа во реалноста се случува нешто идентично со сонот.

sonuvanje-na-idninata-vistinski-prikazni-za-pretskazhuvachki-sonovi-kafepauza.mk

Понекогаш сонот се „остварува“ наредниот ден, а некогаш дури после неколку години. Прочитајте неколку вистински приказни за овој феномен, и самите одлучете дали станува збор за случајност или за нешто поголемо од нас.

„Колку што знам многу луѓе имале некој сон или визија кои подоцна станале реалност. Првиот пат кога ми се случи мене бев во средно, пред матурската. Јас и двајца мои пријатели бевме кај мене и игравме видео игри кога почнав да имам чувство на дежа ву. На почетокот не ми беше јасно зошто, но кога на телевизорот почна една реклама, се сетив дека ја видов истата реклама во мојот сон. Во наредните 8 минути знаев точно што ќе се случи, секое движење, секој збор, секој звук. Знаев што ќе кажам уште пред да го кажам, но поради некоја причина зборував токму тогаш кога требаше. Како да ми беше страв да направам нешто различно од она што го очекував. Беше навистина чудно, и после неколку недели ништо не се случи. Вториот пат беше поразлично бидејќи се сеќавав на сонот од претходната ноќ, но само на мали детали. Денот се одвиваше нормално, сè додека не се сретнав со татко ми во еден ресторан. Само што ја отворив вратата, знаев дека се повторува истото од минатиот пат. Знаев на која маса да седнам без воопшто да разгледам наоколу, и веднаш му кажав на татко ми што се случува. Како и во мојот сон, тој извади еден потсетник и почна да го запишува она што му го кажував и ми кажа дека истото го прогонувало кога бил колку мене. Целата ситуација беше како да гледам реприза од некоја серија. Сè што беше кажано и направено беше како во мојот сон. Имав уште многу вакви случаи следните 6 години. Како што стареам се случува поретко, но сè уште не можам да си го објаснам овој феномен.“

„Сè уште помнам еден сон од пред 15 години. Во сонот сум на работа и гледам како две од моите колешки се смеат и си ги бојат лицата. 2 недели после сонот, јас сум на работа и сите колеги се подготвуваме за настан организиран од компанијата: пејнтбол игра. И што видов? Моите колешки се смеат и си ги бојат лицата.“

„Како што имам кажано многу пати, некој треба да искуси нешто за да поверува во тоа. Не треба слепо да верувате во сè. Но, овој феномен е нешто кое ми се случило мене. Во сонот добив порака на телефонот, а следниот ден ја добив потполно истата порака во реалноста. Шансите да станувало збор за случајност се навистина премногу мали. Пораката беше од девојка, Аманда, со која немав разговарано 9 месеци. Се сеќавам дека во сонот пораката беше ‘Хеј, Аманда е…’ и другото не го помнам. Ова не е единствениот ваков сон кој сум го имал, но ова е сонот кој ме убеди дека овој феномен е реален.“

„Кога бев малечка, сонував дека мојата братучетка (која ретко ја гледав) си купила жолт автомобил и се возела околу училиштето со него. Следното утро мајка ми ми кажа дека братучетката навистина си купила жолт автомобил. Кога бев тинејџерка сонував како стотици исечени дрвја се расфрлани на земјата. Приказната во сонот беше цел еп, па дури и напишав приказна кога се разбудив. Следниот ден, отидов на прошетка во паркот, и погодете што видов. Сцената од сонот – многу исечени дрвја и оставени на земјата во паркот.“

„Имам многу вакви искуства, а едно од нив си го викам ‘Сонот за смртта’. Не се важни деталите на сонот колку чувствата додека го сонував. Првиот пат кога знаев што значи сонот, еден од моите ученици изврши самоубиство. Пред неколку години, кога почина тетката на мојот сопруг, се разбудив во 4:44 наутро. Се разбуди и сопругот и ме праша зошто не спијам. Му реков дека ќе му кажам утрото, и му кажав. Наскоро потоа се јавија неговите родители и ни ја соопштија веста. Ни кажаа дека тетката починала помеѓу 4:30 и 5 часот наутро.“

„Уште од кога знам за себе имам вакви соништа. Но пораснав во христијанско семејство, ја читав Библијата секој ден, а секоја недела одевме во црква. Поради ова сметав дека не треба да кажувам на никој за моите соништа, бидејќи според црквата предвидувањето на иднината е вештерство. Најчудното искуство кое сум го имала се случи помеѓу 14-ти и 15-ти ноември, 2006-та година, кога имав 12 години. Бев навистина вљубена во едно момче, но знаев дека и една од моите пријателки го чувствува истото. Сонував како сум стоела во училиштето и дошла пријателката и ми рекла ‘Тој рече не’. Знаев дека зборува за момчето, и дека тој ја одбил. Утредента ја наговорив да го праша, за да ми се зголемат шансите да го освојам. Се повтори сцената од сонот. Ја прашав дали ја одбил, а таа ми рече дека го прашала за мене, а тој рекол не. Од тогаш соништата почнаа поретко да се појавуваат, но во последните неколку недели повторно се случува истото. Дури мислам и дека можам да ги контролирам – пред некој ден ми се случи да имам претскажувачки сон, а не бев ни заспана.“

Прочитајте и нешто повеќе за феноменот дежа ву.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар