Сонцето во малку поинакво издание

Ова е поглед на Сонцето какво што досега никогаш не сме го виделе. Овие восхитувачки фотографии ни го прикажуваат внатрешното вриење на нашата ѕвезда на таков начин што човечкото око не би можел да го забележи. Сателитот на Сончевата Динамична Опсерваторија на NASA (SDO) направил слики кои ја покажуваат енергијата што ја ослободува Сонцето во вид на бранови должини, како X-зраци и ултравиолетова светлина. Тоа помогнало за добивање многу нови сознанија за начинот на функционирање на Сонцето.

Сонцето во малку поинакво издание

Овие X-зраци и УВ-светлината им помогнале на научниците да го разберат начинот на кој функционира Сонцето.

Чистината на сликите од SDO-сателитот укажува на тоа дека во NASA ќе пристигнат многу покорисни податоци за разлика од кое било друго вселенско летало. Овој сателит секој ден испраќа околу 1,5 терабајти податоци што е еднакво на 500.000 песни на вашиот мп3 плеер.

Сонцето во малку поинакво издание

Сателитот има произведено чудесни слики од Сонцето, набрзо по неговото лансирање во февруари, 2010 година.

Некои слики покажуваат и работи кои никогаш досега не биле видени, детали за сончевиот материјал кој струи околу Сонцето, како и приказ одблизу на активностите кои се одвиваат на неговата  површина.

Сонцето во малку поинакво издание

Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектрум - светлина која е невидлива за човековото око, но која го предизвикува потемнувањето на кожата при сончање

Сателитот бил лансиран во февруари, 2010 година. Неговиот главен научник Дин Песнел, пренесува дека податоците кои NASA ги добива од него ги реобликуваат и менуваат теориите за начинот на кој функционира нашата ѕвезда, но и овозможуваат да се набљудуваат скорешните бурни активности кои се одвиваат на неговата површина.

Сонцето во малку поинакво издание

Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектар на бои. Светлите делови се предели на Сонцето со изразена активност кои можат да предизвикаат сончеви бури.

Во текот на 5-годишната мисија, овој сателит ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговата улога во климатските промени на Земјата. Исто така, ќе се детерминира улогата на магнетното после на Сонцето во создавањето на силните соларни, деструктивни појави како соларните ветрови.

Сонцето во малку поинакво издание

Сателитот ќе им помогне на научниците во проучувањето на штетата која може да ја предизвика соларната светлина врз работата на комуникациските сателити и напојувањето со енергија.

Сонцето во малку поинакво издание

NASA објавува дневни фотографии и видеа од движењето на Сонцето

Сончевата Динамична Опсерваторија на NASA е лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, Америка. Во текот на 5-годишната мисија, се проценува дека ќе се потрошат околу 855 милиони долари за одржување на неговата активност. Ова вселенско летало, орбитира околу Земјата на околу 35.405 км, сончевите панели се големи 6,4 метри и продуцираат струја со јачина од 1.450 вати.

Сонцето во малку поинакво издание

Во текот на 5-годишната мисија на сателитот, тој ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговото влијание врз климатските промени на Земјата.

Инструментите кои се наоѓаат во сателитот се дополнително заштитени од радијација, бидејќи тој се наоѓа надвор од радијацискиот појас на Земјата, каде што има високо ниво на зрачење.

Сонцето во малку поинакво издание

Комбинација од три бранови должини на светлина во една слика - од X-зраци до УВ-зраци... Светлиот прстен ги прикажува местата со големо магнетно зрачење.

Ова летало има три инструменти кои се задолжени за фаќање слики од Сонцето со ултрависока резолуција.

Сонцето во малку поинакво издание

Црните точки се сончеви пеги кои се движат по површината на Сонцето.

Сателитот, исто така, помага во разбирањето на соларниот притисок кој се генерира на неговата површина.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар