Со помош на овие трикови, гостите повеќе не ќе мораат да пушат на тераса

Со помош на овие трикови, гостите повеќе не ќе мораат да пушат на тераса

Ако не сте пушач, а живеете со некој којшто не ги вади цигарите од уста, сигурно мака мачите со чадот којшто се вовлекува во сите пори на вашиот дом! Уште полошо е кога доаѓаат гости. Откако тие ќе си заминат, завесите, каучот, како и теписите ви мирисаат на цигари… Сепак, постојат мали трикови коишто може да ви бидат од голема помош во овие ситуации и благодарение на нив, нема потреба повеќе да ви биде непријатно да барате пушачите да излегуваат од вашиот дом за цигара.

1. Не држете го отворен само горниот дел од прозорецот. На овој начин циркулацијата на воздухот е премала за да помогне во проветрувањето. Подобро е да го отворите прозорецот на секој час барем по пет минути.

2. Редовно перете ги завесите и каучот, а денот после чистењето забранете пушење во тој простор, затоа што влажните предмети полесно го примаат мирисот. Теписите и каучот перете ги на тој начин што на нив ќе нанесете малку сода бикарбона.

3. Набавете свеќник за етерични масла и во него поставете мала свеќа на дното, а на врвот ставете сад во којшто ќе сипете вода. Во водата капнете четири до пет капки етерично масло, а најдобро е тоа да биде овошно, затоа што е најефикасно во отстранувањето на мирисот.

4. Во оваа намера помага и трикот со оцет. Во мала шолја ставете околу еден децилитар оцет по избор и оставете го да испарува преку ноќта. Наутро просторијата ќе биде свежа.

5. Активниот јаглен којшто се користи за решавање на проблемите со желудникот и цревата, исто така служи и како отстранувач на мирисот од цигарите. Но, пазете да го оставите на повисоките полици, надвор од дофатот на вашите деца.

6. Не ги фрлајте остатоците од цигарите и пепелта во кантата за отпадоци во куќата, туку подобро е да ги носите на балконот. Секако, пепеларките мијте ги редовно и во никој случај не ги оставајте празни, но неизмиени.

7. На радијаторите поставете кора од цитрон заедно со кора од портокал, мандарина и лимон. Во овој случај куќата ќе ви мириса убаво!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар