Со каков маж би требало да бидете според вашиот месец на раѓање?

Со каков маж би требало да бидете според вашиот месец на раѓање?

Секој месец на раѓање ѝ дава одреден карактер на жената, па затоа ѝ е потребен и одреден тип на маж кој ќе ја прифати онаква каква што е и ќе го поттикне најдоброто во неа.

1-so-kakov-mazh-bi-trebalo-da-bidete-spored-vashiot-mesec-na-ragjanje-www.kafepauza.mk_

Јануари

Жените родени во овој месец живеат забрзан начин на живот, па идеалниот партнер за нив мора да се движи со исто темпо. На нив бавните и слаби мажи никако не им одговараат, бидејќи ќе ги забавуваат на патот кон целта. Тие имаат многу работи кои сакаат да ги реализираат во животот и никако не сакаат врската со погрешен партнер да ги попречува во тоа.

Февруари

На жените родени во февруари им е потребен партнер кој ќе знае да биде трпелив со нив. Тие се свесни дека не е лесно да се биде во врска со нив, бидејќи сите им го кажуваат тоа. Идеалниот партнер мора да има разбирање за да може да се носи со нивната тврдоглавост и непријатните однесувања.

Март

Овде станува збор за жени кои се многу грижливи, нежни, искрени и полни со љубов. За нив скоро секогаш другите се на прво место. Заради тоа на жените родени во март им е потребен маж кој би се грижел за нив, како што тие се грижат за останатите. Овие жени многу време и енергија трошат на грижата за другите, па затоа и идеалниот партнер мора да најде начин да им ја обновува енергијата со својата грижа.

2-so-kakov-mazh-bi-trebalo-da-bidete-spored-vashiot-mesec-na-ragjanje-www.kafepauza.mk_

Април

Во април се раѓаат силни и независни жени кои имаат немилосрден карактер и се многу тврдоглави. Исто така, толку се искрени што понекогаш луѓето ги доживуваат на погрешен начин. Заради тоа им е потребен маж кој добро ќе ги разбира и ќе го цени нивниот карактер. На нив им треба партнер кој ќе ги мотивира да бидат она што се, некој кој нема да се обидува да ги попречува или менува.

Мај

Жените родени во мај живеат како на брза движечка лента. Постојано како да скокаат од една работа на друга. Сакаат да се дружат и да бидат опкружени со луѓе. Исто така, имаат тенденција да започнат и по неколку проекти истовремено, понекогаш дури и повеќе отколку што може да реализираат. Им треба маж кој е преполн со енергија и кој ќе може без проблем да го следи нивното темпо.

Јуни

Овде се работи за тип жени кои некако ги привлекуваат „скршените мажи“, оние кои треба да се поправат, а токму тоа е причината зошто нивните љубовни врски во минатото не биле успешни. На овие жени им треба партнер кој е стабилен, кој цврсто стои на земјата и знае што сака во животот. Маж на кој не му се потребни никакви „поправки“ за да функционира како здрав и позитивен човек.

3-so-kakov-mazh-bi-trebalo-da-bidete-spored-vashiot-mesec-na-ragjanje-www.kafepauza.mk_

Јули

На жените родени во овој месец им е потребен маж кој ќе ги поттикнува да бидат она што се. Всушност, тие се опкружени со луѓе кои имаат потреба да им кажуваат што треба да променат во животот, по кои патишта да одат, како да се однесуваат… Но, идеалниот партнер за нив ќе се однесува токму спротивното – ќе ги поттикнува да бидат во центарот на вниманието, да бидат свои и храбри, бидејќи само така можат да го постигнат она што го сакаат во животот.

Август

На овие жени име потребен партнер кој ќе им ја кажува вистината без разлика колку е таа неудобна. Тие се родени лидери и поседуваат авторитет со кој ги привлекуваат другите луѓе. Тоа може да ги натера да станат полни со себе, па им е потребен маж кој ќе знае како да ги спушти на земја.

Септември

На жените родени во септември им е потребен маж кој ќе ги поттикнува да ја следат својата страст за мудрост и знаење. Тие не би требало да губат време на партнер кој ќе се плаши од нивната интелигенција или нивната движечка природа. За нив е идеален партнерот кој е доволно сигурен во себе за искрено да ги поддржува во нивните соништа.

4-so-kakov-mazh-bi-trebalo-da-bidete-spored-vashiot-mesec-na-ragjanje-www.kafepauza.mk_

Октомври

Не е тајна дека жените родени во октомври се многу љубезни, внимателни, симпатични, искрени и полни со грижа за другите. Меѓутоа, понекогаш се доведуваат до ситуации каде што се изложени на малтретирање и манипулација. Затоа им е потребен маж кој ќе ги почитува и никогаш нема да ги зема здраво за готово.

Ноември

Жените родени во овој месец имаат малку чуден вкус. Свесни се за тоа дека повеќето мажи тешко ги разбираат и дека најчесто не сфаќаат на кој начин работи нивниот мозок. Потребен им е маж на кој никогаш нема да му досади да се обидува во нив да создади чувство дека се сфатени. Потребен им е партнер кој ќе слуша сѐ што тие имаат да кажат, и кој нивните зборови навистина ќе ги слушне.

Декември

Овие жени имаат весел и радосен карактер, па најидеален партнер би бил оној кој ќе го негува тој нивен карактер. Потребен им е маж кој ќе ги поттикнува на забава, а истовремено ќе внесува мир и позитивна енергија во нивниот живот.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе на оваа тема, прочитајте што го карактеризира вашиот месец на раѓање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар