Смртно опасна патека

За да ги истражите преубавите карпести предели на кинеската планина Хуа Шан имате само една опција, а тоа е 12-километарската „смртоносна патека“. Таа е неверојатно стрмна и важи за една од најопасните во светот. Патеката води точно до највисокиот од петте врвови на планината, која пак лежи во јужниот дел на градот Хуајин, 120 километри источно од Ксиан, на 2.200 метри надморска височина. Врвовите наликуват на ливчиња од цвет, па оттука доаѓа и нејзиното име Хуа Шан, што во превод значи „Лотус со пет ливчиња“.

Нејзините убавини можат да ви бидат на дланка, доколку соберете доволно храброст и се впуштите во ризична авантура по тенките дрвени штици, прикрепени за карпите. Не очекувајте заштитна ограда. Поставен е само еден синџир на кој можете да се придржувате додека се движите по патеката.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаАко ова ви звучи страшно, тогаш не ни помислувајте да ја започнете маршутата, бидејќи вистинските маки започнуваат кога ќе стигнете до каменот на кој со кинески симболи пишува: „точката каде се враќаат и коњите“. Тоа е еден вид предупредување и порака за недоволно подготвените туристи, да го завршат патувањето и да се повлечат назад. Таму патеката станува екстремно стрмна, едвај проодна и крајно небезбедна.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаСмртно опасна патекаДоколку не ве предомисли ниту овој знак и успеете да продолжите понатаму, на врвот на планината ќе посетите будистички храм во кој се чуваат бројни свети текстови. Таму, пред многу векови монасите се криеле од своите непријатели. Тогаш тие се движеле само по штиците. Синџирот е поставен во поново време, на барање на туристите, кои во 1990 година, ја принудиле месната управа дел од патеката да обезбеди и со огради и широки камени скали.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаСмртно опасна патекаЗа жал, овие зафати не се доволно безбедни, секој да се осмели да тргне по патеката. Иако, таа се нарекува смртоносна, не постојат официјални статистички податоци за несреќи кои се случиле таму. Но, загрижува фактот што во последно време по патеката се движат сè понеискусни посетители, а во некои случаи недостатокот на добра физичка и психичка подготвеност може да има фатален крај за неодговорните туристи.Смртно опасна патека


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Ana Reply

    Prasanjeto e koj i kako ja napravi?

Остави коментар