Смртните случаи од рак на дојка се имаат намалено за 40%

Според најновите истражувања, смртните случаи од рак на дојка се имаат намалено за 40% во периодот помеѓу 1989 и 2015 година. Тоа значи дека 322.600 пациенти ја одбегнале смртта во текот на тие 26 години, а сепак оваа болест е еден од најчестите типови рак што се јавува кај жените од целиот свет.

Смртните случаи од рак на дојка се имаат намалено за 40%

Смртните случаи од рак на дојка се зголемувале за 0,4% секоја година од 1975 до 1989. Оттогаш па натака, смртната стапка драматично се намалила и резултирала со пад од 39% во 2015 година. Истражувањата откриваат дека ова намалување се должи на раното откривање на болеста со помош на мамограм, но и на напредокот на терапиите за рак на дојка.

Сепак, со оглед на тоа што се очекува дека ќе бидат дијагностицирани 252.710 вакви случаи во 2017 година, ракот на дојка сѐ уште е еден од најчестите типови рак што се јавува кај жените. Освен тоа, се очекува дека 40.600 жени ќе починат од оваа болест само во САД, што значи дека ракот на дојка е втората најголема причина за смрт по ракот на бели дробови.

Истражувањето исто така открило дека помеѓу 2006 и 2015 година, смртните случаи од рак на дојка се намалиле кај расните и етничките групи, но сепак постоеле значителни недоследности во однос на различни групи. Во 2015 година, процентот на смртни случаи од рак на дојка кај Афроамериканките бил 39% повисок од оној кај белите жени.

Истражувачите тврдат дека овие податоци докажуваат дека има светлина на крајот од тунелот. Ако и понатаму продолжи да се намалува процентот на смртни случаи од рак на дојка, тоа значи дека во иднина постои голема веројатност смртната стапка од оваа болест да се сведе на нула.

Прочитајте и зошто кофеинот го намалува ризикот за рак на дојка.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар