Сметате дека сте фотогенични или не? Ова може да открие дали сте нарциси, но не на начинот што мислите!

Интересни нови студии покажуваат дека момците и девојките кои имаат силна љубов кон себе и кои се задоволни со својот физички изглед, едноставно не го сакаат своето лице на фотографиите и секогаш се незадоволни со селфињата.

1-problem-na-narcisoidnost-ili-neshto-drugo-eve-zoshto-ubavite-lugje-ne-gi-sakaat-svoite-fotografii-www.kafepauza.mk_

Постои стереотип кој вели дека нарцисите се секогаш уверени во својата атрактивност, толку многу што едноставно не постои ниту една фотографија на која не си се допаѓаат. Меѓутоа, психолозите велат дека ова не е точно, туку дека вистината е сосема спротивна.

Тие открија дека оние со изразен нарцизам не сакаат постојано да го гледаат сопствениот одраз во огледалото. Баш напротив, луѓето кои се заљубени во себе и кои се сигурни во својот физички изглед, чувствуваат намалување на самодовербата кога ќе го видат својот одраз. Делува како парадокс, но тие како никогаш да не се задоволни со себе кога се гледаат од другата страна.

Ова се случува бидејќи луѓето кои се заљубени во себе и во својот сопствен изглед сметаат дека се поубави отколку што се во реалноста. Тие се идеализираат себеси, замислувајќи се многу поатрактивно одошто кога се гледаат во огледалото или на фотографиите и едноставно не им се допаѓа кога ќе се соочат со реалноста.

Па, што гледате вие кога се гледате во огледало или на фотографии?

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар