Смешни цитати за (анти)воркохолици

Прочитајте неколку цитати кои слатко ќе ве изнасмеат, а голема е веројатноста и да ви го разубават работниот ден… :)

Смешни цитати за (анти)воркохолици

„Би те пратил во пеколот, но работам таму, па не би сакал да те гледам секој ден.“ – непознат автор

„На работа, секогаш давам 100 % од себе. 10% во понеделник, 23% во вторник, 40 % во среда, 22% во четврток и 5% во петок.“ – непознат автор

„Јас никогаш не пијам кафе на работа… главно заради тоа што ме држи буден.“ – непознат автор

„Секогаш доцнам на работа, но надополнувам со тоа што заминувам порано.“ – Чарлс Лемб

„Напорната работа никогаш не убила никого, но зошто да ризикувате?“ – Едгар Берген

„Златно правило е тоа дека шегите на шефот се СЕКОГАШ смешни.“ – Роберт Пол

„Кога шефот ќе се сопне, јас паѓам.“ – непознат автор

„Мозокот е фантастичен орган. Започнува со работа кога се будите и не престанува сè додека не стасате во канцеларија.“ – Роберт Фрост

„Ја сакам работата, таа ме фасцинира. Можам да седам и со часови да гледам во неа.“ – Џером К. Џером

„Ако мислите дека вашиот шеф е глуп, сетете се: немаше да имате работа, ако тој беше малку попаметен.“ – Џон Готи

„Нема задоволство во тоа да немаш работа. Задоволството е да имаш многу работа, а да не работиш ништо.“ – Мери Вилсон

„Наместо да се јавувате на работа кога сте болни и не можете да отидете, јавете се кога се чувствувате добро. Кажете им колку добро се чувствувате што не морате дента да одите на работа!“ – непознат автор

„Забушант? Не. Јас само чекам до последната секунда за да ја сработам задачата, бидејќи колку сум постар, толку сум помудар.“ – непознат автор

„Со чесна 8-часовна работа, можеби еден ден ќе станете шеф и ќе работите 12 часа.“ – Роберт Фрост

„Сè што сакам е чесна неделна плата, за чесно одработен ден.“ – Стив Мартин



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар