Слушнете ја најстарата песна на светот што била напишана пред 3.400 години!

Населбата во северна Сирија, позната како Угарит, е населена уште од Неолитот (6000 година п.н.е.). До 15-тиот век п.н.е. таа се претворила во стратешки пристанишен град кој бил поврзан со Империјата на Хититите, Египет, па дури и Кипар. Поради оваа мрежа, градот го достигнал својот врв во периодот од 1450 до 1200 година п.н.е. Неговата слава може да се забележи од многу археолошки откритија кои вклучуваат храмови, библиотеки и палати кои биле уникатни во тој период од историјата.

slushnete-ja-najstarata-pesna-na-svetot-kafepauza.mk

Но покрај реликвиите на минатото, во 1950-тите, археолозите успеале да откријат нешто навистина интересно. Тие го откриле најстарото музичко дело, односно химна која е стара 3.400 години, и е запишана со знаците од хурискиот јазик. Оваа музичка компилација е пронајдена во глинени плочи и е позната како „Хуриски песни“. Песните најверојатно биле отсвирени на лира, а „најцелосната“ песна е „Хуриската песна за Никал“, божица на градините и овоштарниците.

Експертите успеале да ја рекреираат мелодијата на оваа песна. На видеото во продолжение можете да слушните „модерна“ верзија на оваа древна композиција која е отсвирена според интерпретацијата од 1972-та година, на Ан Драфкон Килмер, професор на Универзитетот во Калифорнија.

Ако не ви се допаѓа оваа верзија, некои професори, вклучувајќи ја и Ан, успеале да ја преработат песната за лира, инструментот кој наводно се користел во тој период. Музичарот Мајкл Леви направил и своја верзија која можете да ја слушнете во продолжение.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар