Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажба

Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажба

Филмот „Титаник“ засекогаш ќе остане запишан во историјата со златни букви поради неговите неоспорни успеси. Доколку паметите, тој беше номиниран во 14 категории на Оскарите одржани во 1998 година, а од нив победи во дури 11.
Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажбаЕдна од незаборавните сцени во филмот е кога Џек Досон, чија улога ја толкуваше Леонардо Дикаприо, ја слика Роуз, која е тотално разголена и легната на софа, а на нејзе го носи дијамантскиот ѓердан наречен „Heart of the Ocean” (Срце на океанот). Сликата всушност ја има нацртано режисерот на филмот Џејмс Камерoн.
Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажбаТаа ќе се најде на аукцијата, која ќе ја организира фирмата „Premiere Props“ кои се многу среќни и задоволни што парче од легендарниот филм ќе се појави на нивната манифестација. Тие очекуваат сликата да достигне цена од околу 16.000 американски долари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар