Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Автор: Зорица Тодорова

Иако никогаш не е добро време да ги загубиме нашите омилени актери и актерки, сепак изгубивме некои славни личности кои сѐ уште беа многу млади. Со оваа листа сакаме да им оддадеме почит ним и на нивната работа, а ако сме заборавиле некое име, пишете ни!

1. Џејмс Дин (1931 – 1955)

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Џејмс Дин беше главната ѕвезда во некои од најголемите филмови во 1950-тите, како „Источно од Рајот“ (East of Eden), „Бунтовник без причина“ (Rebel without a Cause) и „Џин“ (Giant) и сѐ уште е една од култните икони во филмската индустрија. Почина на само 24 години во сообраќајна незгода.

2. Брус Ли ( 1940 – 1973)

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Најголемата икона на борбените вештини е Брус Ли. Некои од неговите најпознати филмови се „Во гнездото на змејот“ (Fist of Fury) и „На патот на змејот“ (Way of the Dragon) – ако некогаш сте се прашувале кој би победил во битка помеѓу Брус Ли и Чак Норис, погледнете го овој филм! Тој почина на 32-годишна возраст од церебрална едема. Неговиот син, Брендон Ли, го снајде слична судбина: случајно било пукано во него за време на снимањето на филмот „Враната“ (The Crow). Како и неговиот татко, неговото наследство како културна икона продолжува да живее меѓу обожавателите.

3. Мерилин Монро (1926 – 1962)

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Најзначајниот секс-симбол на Холивуд, Мерилин Монро, се појави во популарни наслови како „Џентлмените преферираат русокоси“ (Gentlemen prefer Blondes) и „Некои тоа го сакаат жешко“ (Some like it Hot). Имаше само 36 години кога беше пронајдена мртва. Аутопсијата заклучи дека причината за смртта била предозирање со седативи.

4. Хит Леџер (1979 – 2008)

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Со прекрасните изведби во „Патриот“ (The Patriot), „Планината Борукбек“ (Brokeback Mountain) и Џокерот во „Темниот Витез“ (Dark Knight), смртта на Хит Леџер беше вистински шок за сите. Почина многу млад, на 28-годишна возраст, поради предозирање со препишани лекови.

5. Филип Сејмор Хофман (1967 – 2014)

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Најпознатата улога на Филип Сејмор Хофман беше играњето на писателот Труман Капоте во „Капоте“ (Capote). Хофман доби многубројни награди и признанија за овој филм меѓу кои и Оскар за најдобар актер. Други негови познати перформанси се во „Војната на Чарли Вилсон“ (Charlie Wilson’s War), „Сомнеж“ (Doubt), „Господарот“ (The Master) и „Игрите на гладните“ (The Hunger Games). Почина во февруари, 2014 на 46 години поради предозирање со мешавина од хероин, кокаин, бензодиазепини и амфетамини.

6. Британи Марфи (1977 – 2009)

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Британи Марфи глумеше во тинејџерскиот хит „Без трага“ (Clueless), а потоа и со Еминем во „Осмата милја“ (8 Мile). Почина во декември, 2009 на 32 години од пневмонија.

7. Гери Колман (1968 – 2010)

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Најзначајната улога на Гери Колман беше Арнолд Џексон во телевизиското шоу „Различни правци“ (Diff’rent Strokes) , каде како мало детенце ги освои срцата на сите што го гледаа. Како возрасен, поголемиот дел од својот живот го помина во депресија и почина во 2010 на 42-годишна возраст паѓајќи од скалите.

8. Џин Харлоу (1911 – 1937)

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Попозната како „платинестата русокоса“ и „русокосата бомба“, Џин Харлоу беше успешна актерка и секс симбол во 1930-тите. Нејзините најпознати филмови се „Ангели од пеколот“ (Hell’s Angels), „Црвена прашина“ (Red Dust) и „Сузи“ (Suzy). Почина на 26 години од церебрална едема.

9. Пол Вокер (1973 – 2013)

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Пол Вокер најмногу ќе го памтиме по улогата на Брајан О’Конер во серијата филмови „Брзи и бесни“ (Fast and Furious). Тој почина во сообраќајна незгода кога имаше 40 години. Добра вест за неговите фанови е што ќе можат повторно да го видат во Брзи и бесни 7 кој ќе излезе овој април.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар