Слатки кутриња кои изгледаат како мали панди

Сите ние сме разочарани што пандите не се соодветни за домашни миленичиња, но овие неодоливи кутриња од Кина кои личат на мали панди можат да послужат како одлична замена. Интересно е што родителите на овие кутриња ни најмалку не наликуваат на ова животно, но ете, природата сакала да си поигра со боите на нивното крзно.

Слатки кутриња кои изгледаат како мали панди

Од сите 6 браќа и сестри, само овие 3 наликуваат на панди. Кога тие се родиле, имале поинакви бои на нивното лице и затоа не се знае дале ќе останат вакви како што моментално изгледаат или ќе се променат целосно. Сопственикот Шаоџун Ши тврдел дека крзното на кутрињата не е обоено со боја.

„Мислам дека дури и да се трудев да го направам тоа, немаше да испадне олку добро“ – вели тој.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар