Слаткарница за чевли: Место каде потпетиците изгледаат доволно добро за да ги јадете

Со љубов и за чевли и за слатки, пекарката Крис Кембел знаела дека мора да постои начин да ги искомбинира двете нешта. Нејзиното решение била слаткарницата за чевли „Shoe Bakery“.

1-slatkarnica-za-chevli-mesto-kade-potpeticite-izgledaat-dovolno-dobro-za-da-gi-jadete-kafepauza.mk

Заедно со нејзиниот тим, Кембел дизајнира потпетици и рамни обувки во вид на слатки задоволства. Да, тоа е пекарска слаткарница во која можете да си купите чевли со состав на крофна со мармалад напрскани со трошки од јагода, ментол-чоколаден чипс или потпетици со вкусот на познатото крвено кадифе (red velvet), секои од нив рачно изработени.

Кембел објаснува на нејзиниот сајт дека инспирацијата ја наоѓа од нејзината желба да биде уникатна и да создава уникатна уметност.

„Мислам дека секоја жена заслужува да се чувствува посебно и да поседува чевли кои ги нема никоја друга.“

И веројатно навистина секоја жена го добива тоа во нејзината слаткарница. Па сепак, не поседува секој пар чевли со вкус на цимет. :)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар