Сите девојки се разочарани во нивните 20-ти години

Читателките на магазинот „Glamour“ имале прилика да пополнат анкета во која се работи за турбулентните случувања и искушенија низ кои поминале во текот на нивните 20-ти години од животот. Прашањата се однесувале на теми како што се излегувањата, сексот, нивните финансии и односот спрема алкохолот. Резултатите биле запрепастувачки:

Сите девојки се разочарани во нивните 20-ти години

Од вкупно 3.600 читателки кои ги одговориле прашањата од анкетата, 72% рекле дека се каат за барем една личност со којашто се забавувале во нивните 20-ти, додека 77% посакуваат никогаш да не искуселе врска за една вечер.

На 30 отсто од испитаните читателки им било премногу срам да признаат дека спиеле со маж додека биле пијани, додека 54% имале незаштитен секс, па 12% добиле полово преносливи болести, а 61% после тоа морале да направат абортус или познавале некоја девојка која морала тоа да го стори.

Сите девојки се разочарани во нивните 20-ти години

Кога станува збор за љубовните врски, 18% од жените мислеле дека во нивните дваесетти години ќе имаат значително повеќе секс отколку што навистина имале, додека 28% жалат што останале во нивната врска, само поради удобноста и сигурноста која таа им ја овозможувала.

Кога е во прашање иднината, 45% од нив мислеле дека ќе ја работат нивната работа од соништата, додека 44% жалат поради тоа што не откриле навреме, со што сакаат да се занимаваат во животот.

Шокантен е податокот дека 20% од жените признале дека се обиделе да ја работат нивната работа додека биле пијани. Алкохолот е кривец и за ред други проблеми. 70% од жените рекле дека сториле нешто коешто никогаш не би го направиле, доколку не пиеле алкохол.

Повеќе од половина, односно 55%, се каат што не биле посамоуверени на работното место и 28% се каат што не се искажале на претпоставениот кога сметале дека треба да им се покачи платата или да добијат унапредување на позицијата.

Во однос на финансиите, 61% трошат повеќе одошто заработуваат, од кои 38% одат во минус на сметката за да преживеат. 46% немаат ништо заштедено, а 69% чувствуваат притисок да бидат финансиски независни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Elena S Reply

    цццц страшно. ама не значи дека и за Македонија важи ова. :)

  2. Marija Reply

    Според горенаведеното тие се каат, подоцна, за тоа што го сториле на 20 годишна возраст, не дека биле разочарани додека сето тоа се случувало. Mожеби тогаш, кога имале 20 години, се чувствувале убаво, но подоцна се каат, а не дека кога имале 20 години биле разочарани. Насловот не соодвестува со текстот !

Остави коментар