Силна порака на една мајка поради која нејзината ќерка засекогаш ќе ѝ биде благодарна

Бритни Џонсон, млада мајка, неодамна со својата ќерка била на шопинг. На својот Фејсбук профил покрај нивната заедничка фотографија во костим за капење од кабината на еден бутик објавила доста важна порака што би требало да ја запомнат сите мајки.

2-silna-poraka-na-edna-majka-poradi-koja-nejzinata-kjerka-zasekogash-kje-i-bide-blagodarna-www.kafepauza.mk_

Таа сфатила дека нејзиното мало девојче има добро мислење за себе, бидејќи и таа самата е задоволна со тоа како изгледа и покрај тоа што не ги носи најмалите броеви на облека. Сфатила дека децата се огледало на однесувањето на своите родители и ги „впиваат“ сите вредности кои родителите свесно или несвесно ги изговараат. Следувале околу 94.000 позитивни коментари, а постот на мајката Бритни бил споделен преку 63 илјади пати.

Кога влеговме во трговскиот центар, моето девојче имаше чанта, своите убави чевли и фустанче. Изгледаше како дива. Цело време. Додека вечеравме, на девојката којашто работеше таму ѝ велеше: „Ве замолувам“, „Благодарам“ и „Ја обожавам вашата коса“. Влеговме во бутикот и ми помогна да пронајдам костим за капење. Избравме 11. Да, 11. Влеговме во гардеробата, а таа ја остави својата кукла и започна да ги откачува костимите од закачалките и да вика „Ти го гледам задникот“, така што сите можеа да ја слушнат.

А потоа, облеков еден костим за капење, па друг, па трет. Се фотографирав во нив за да можам да им ги испратам тие фотографии на моите пријателки за да ми кажат дали им се допаѓа или не, бидејќи ние редовно го правиме тоа. А потоа ја фотографирав оваа фотографија. Го гледате она девојче во аголот? Со фустан и горниот дел од костимот кој го избрав? Причекав неколку секунди за да видам како ќе реагира, и кога се сврти кон огледалото кажа: „Ох, едноставно обожавам леопардов дезен! Мислам дека изгледам прекрасно! Мислиш ли ти дека изгледам прекрасно?“

А потоа, сфатив дека таа го зборува она што го слуша. Она што го гледа. Секој ден ѝ велам дека е убава. Љубезна е спрема луѓето кога поминува низ трговскиот центар, бидејќи постојано ѝ велам дека треба да биде љубезна. Кога нарачуваме нешто таа е љубезна, бидејќи слуша и гледа како сум јас љубезна кон непознатите. Им дава комплименти на луѓето што не ги познава, затоа што знае колку е убаво да се слушне комплимент… А, кога сме во гардеробата во овие костими за капење, постои тој момент во кој можам да кажам: „Ох, стварно се здебелив оваа година“ или „Ох, убаво ми стои оваа боја“ и тие зборови потоа остануваат во главата на мојата ќерка.

Кога станува збор за манирите, бидете пример. Кога станува збор за добрината, бидете пример. Кога станува збор за сликата за сопственото тело, бидете пример. Јас не ги носам најмалите броеви на облека. И никогаш нема да го правам тоа. Имам големи бедра и голем задник и од некоја причина средниот дел од моето тело не може да потемнее како остатокот. Но, тоа тело создаде едно потполно ново тело. Јас сум силна. Јас сум способна. Јас сум среќна. Не морам да бидам убава како тебе, јас сум убава како себе.

Фантастичен потсетник. Браво за оваа мајка. Таа е неверојатна личност и одлична мајка…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар