Сиднеј сака да направи за жените нешто што ниту едно друго место никогаш не го направило

Сиднеј сака да направи за жените нешто што ниту едно друго место никогаш не го направило

Да се тврди дека месечниот циклус е пријатно искуство е исто како и да кажете дека планетата Земја е рамна. За многу девојчиња, првата менструација е знак за премин во светот на жените, но хаотичната комбинација од емоции кои се јавува паралелно со овој период, како олеснувањето, фрустрациите и тагата, можат да бидат навистина тешки за справување.

Сиднеј сака да направи за жените нешто што ниту едно друго место никогаш не го направило

И покрај тоа што месечните циклуси се тешки на емоционално ниво, сепак финансискиот аспект е оној кој најмногу ги погодува жените. Според истражувањата, во текот на животот, овие циклуси ги чинат жените и до 20.000 евра. Имајќи предвид дека тоа е големо оптоварување за поголемиот дел од жените, како и за дел од мажите, а станува збор за неизбежна природна појава, многу е чудно што не се третира поинаку.

За среќа, постои бавно, но стабилно движење кое се бори да им се овозможи соодветната грижа на жените за време на месечните циклуси. На пример, во една програма во Њујорк, се поставуваат бесплатни продукти за хигиена во јавните тоалети кои се во склоп на училиштата. Но, најголемата промена може да се случи во еден град во Австралија. Постои идеја од страна на Едвард Мандла, советник во Сиднеј, за сите јавни институции да овозможуваат бесплатни продукти за хигиена за своите вработени.

Мандла, татко на 8 деца, кои го дели својот дом со 3 женски лица, вели дека хигиенските потреби на жените за време на месечните циклуси се голема финансиски проблем.

„Сите наши тоалети се преполни со продукти за хигиена и тие постојано се наоѓаат на нашите листи за купување, како и на сметките. Тоа е едноставно дел од животот со жените“, вели тој. „Токму затоа и не треба да биде различно во работните простории.“

Според неговото мислење, Сиднеј има доволно пари за да може да си го дозволи овој план. Ние искрено се надеваме дека овој советник ќе успее, бидејќи доволно е само еден град да го скрши мразот на оваа тема и потоа сите, еден по еден, да ги следат неговите стапки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар