Што значи кога ќе ви затрепери одреден дел од телото?

Што значи кога ќе ви затрепери одреден дел од телото?

Дали некогаш сте се запрашале што значи кога ќе ви затрепери горниот лев капак на окото или десното уво? Веројатно да, но ако не сте се запрашале досега, можеби отсега ќе почнете да ги поврзувате овие случајни вибрации на телото со некои посуштински значења.

shto-znachi-koga-kje-vi-zatreperi-odreden-del-od-teloto-kafepauza.mk

Како што постојат објаснувања за многу појави на човековото тело кои ги смислиле нашите предци, така се создале и овие народни верувања. Интересно е дека луѓето ги поврзуваат овие обични секојдневни појави со претскажувањето на иднината.

Не знаеме од каде потекнува овој „Треперник“, но за оние кои веруваат во вакви работи, следува листа на значења поврзани со затреперувањето на различни делови од телото.

Врвот на главата: Ќе добиете син.
Задниот долен дел од вратот: Ќе дојде некој странец и ќе ви донесе подароци.
Темето од десната страна: Ќе бидете судија.
Темето од левата страна: Убаво ќе се забавувате со пријателите.
Челото: Ќе чуете лоши вести, но нема да предизвикаат некоја голема штета.
Тилот: Ќе чуете лоши вести кој ќе ве растажат, но потоа повторно ќе се радувате.
Челото во делот помеѓу очите: Ќе одите на пат и добро ќе си поминете.
Черепот над десното око: Чувајте ги парите што ќе ги добиете.
Черепот над левото око: Сè што сте си замислиле ќе ви се оствари.
Десното уво: Ќе чуете добра вест.
Левото уво: Ќе чуете лоша вест.
Ако ви зазуи десното уво: Очекувајте добри вести и веселба.
Ако ви зазуи левото уво: Лоши вести ќе ви донесат тага.
Горниот дел од десното уво: Очекувајте кавга.
Горниот дел од левото уво: Ќе добиете добра вест од пријател.
Левата веѓа: Оваа година ве очекува изобилство од храна.
Десната веѓа: Вашиот син ќе биде на печалба.
Двете веѓи: Очекувајте веселба.
Кожата помеѓу веѓите: Ќе ве израдува пријател.
Десното око: Што ќе посакате тоа ќе ви се оствари.
Левото око околу веѓата:  Ќе бидете пофалени, но тоа ќе ве растажи.
Надворешниот агол на десното око: Ќе имате претскажување.
Внатрешниот агол на десното око: Ќе добиете син или ќе завршите успешна работа.
Надворешниот агол на левото око: Ќе добиете машко дете или ќе имате среќен живот.
Левиот горен капак: Борба или кавга.
Левиот долен капак: Лоша вест.
Десниот горен капак: Очекувајте веселба.
Десниот долен капак: Ќе стекнете нов пријател.
Цел нос: Лоша вест.
Едната страна од носот: Ќе ви биде укажана голема чест или многу ќе се трудите во нешто.
Горната уста: Ќе ви дојдат непоканети гости.
Долната уста: Ќе ги победите непријателите.
Двете усни: Ќе се бакнувате со пријателите.
Брадата: Ќе сретнете личност која ќе ве израдува.
Десното рамо: Ќе бидете здрави.
Левото рамо: Ќе бидете тажни.
Мускулот на десната рака: Ќе бидете тажни.
Мускулот на левата рака: Ќе пронајдете нешто што сте изгубиле.
Десниот лакт: Ќе станете важна личност.
Долниот дел од десната рака: Не смеете да почнете некоја работа или се плашите што сте направиле или што правите.
Долниот дел од левата рака: Ќе добиете среќна вест.
Десната дланка: Ќе бидете милостиви.
Левата дланка: Ќе избегнете лоша вест и ќе бидете весели.
Десниот палец: Што ќе посакате тоа ќе добиете.
Десниот показалец: Ќе примите лоша вест.
Десниот среден прст: Што и да започнете ќе ви тргне од рака.
Десниот домал прст: Ќе бидете среќни.
Десниот мал прст: Ќе чуете вест која не е вистинита.
Левиот палец, показалец и среден прст: Ќе победите во кавга со непријател.
Левиот домал прст: Ќе примите добра вест.
Левиот мал прст: Брзо ќе ги потрошите заработените пари.
Двете дојки: Ќе започнете со некоја работа.
Десната дојка: Ќе останете долго на едно место.
Левата дојка: Некој ќе направи нешто добро за вас.
Папокот: Ќе примите почест.
Десното колено: Ќе најдете богатство во домот.
Левото колено: Ќе ви се случи нешто лошо.
Листот на десната нога: Ќе се ослободите од нешто.
Листот на левата нога: Ќе се разделите со пријател и никогаш повеќе нема да го видите.
Десната пета: Ќе се радувате на добри вести.
Левата пета: Ќе бидете прекорени од повозрасна личност.
Десниот колк: Ќе добиете зет.
Левиот колк: Ќе одите на пат.
Десниот табан: Ќе ве растажи некоја вест.
Левиот табан: Ќе добиете големо богатство.
Палецот на десната нога: Луѓето за кои сте биле загрижени среќно ќе се вратат од пат.
Палецот на левата нога: Ќе избегнете напад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Wops Reply

    Десниот домал прст: Ќе бидете среќни.
    Десниот домал прст: Ќе чуете вест која не е вистинита.

Остави коментар