Што значи да се биде татко? Урнебесни цитати за татковството од познати личности

Шегите на сметка на татковците се секогаш смешни и забавни. Нивниот однос со децата е посебен и поразличен од оној на мајките. Татковците честопати немаат поим што прават, секогаш се спонтани и мора да признаеме дека нивните методи на воспитување се многу забавни. Познатите личности не се ништо поразлични од обичните татковци. Прочитајте некои од нивните урнебесни цитати кои совршено ја опишуваат улогата на татковците…

Што значи да се биде татко? Урнебесни цитати за татковството од познати личности

„Кога имате деца, тоа е исто како да живеете во студентски дом. Никој не спие, сѐ е скршено и има повраќаници насекаде.“ – Реј Романо

„Мажите треба секогаш да менуваат пелени. Станува збор за многу посебно искуство. Го прочистува умот. Тоа е исто како да миете садови, само замислете си дека садовите се вашите деца, што значи дека навистина многу си ги сакате садовите.“ – Крис Мартин

„Сакам син ми да носи шлем 24 часа дневно. Ако тоа беше општествено прифатливо, јас ќе бев првиот што би му ставил шлем на детето и маска со решетки на лицето.“ – Вил Арнет

„Можете лесно да дознаете која била омилената година од животот на татко ви, бидејќи татковците секогаш го задржуваат токму тој стил на облекување и никогаш не се одрекуваат од него.“ – Џери Сајнфилд

„Би требало да има ваква детска песничка: ’Ако сте среќни и го знаете тоа, задржете го за себе и оставете го татко ви да спие’.“ – Џим Гафиган

Што значи да се биде татко? Урнебесни цитати за татковството од познати личности

„Единствениот начин на кој би можел да го опишам татковството е со крајот на филмот ’Како Гринч го украде Божиќ’. Се сеќавате како неговото срце стана 5 пати поголемо? Сѐ е полно. Сѐ е едноставно полно цело време.“ – Мет Дејмон

„Татковството е супер, бидејќи можете да уништите некого уште од самиот почеток.“ – Џон Стјуарт

„Попрво би испил врела чинија течно беснило отколку да се качам на авион со моите две деца. 2-годишните деца секогаш ја соблекуваат сета облека и се запознаваат со сите луѓе во авионот. Поставуваат прашања од типот: ’Ве молам, можеме ли да слетаме на фарма?’.“ – Рајан Рејнолдс

„Ја повлекувам мојата претходна изјава која гласеше: ’Никогаш не би можел да се вљубам во девојка која редовно кака во гаќи.’ Тогаш сѐ уште ја немав запознаено ќерка ми.“ – Декс Шепард

„Како е можно мојот 3-годишен син да ги знае сите видови диносауруси, а јас да не можам ни да си го запаметам телефонскиот број?“ – Теј Дигс

Во продолжение прочитајте ги следниве 8 мудрости што татковците треба да им ги пренесат на нивните синови.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар