Што значи да се биде човек?

За некои изгледа многу едноставно, за други пак е тешка и безнадежна борба. Сепак, на почетокот, сите го добиваме истото, во текот на животот мора да се соочиме со истите работи, за на крајот, да сфатиме дека сме се избориле најдобро што сме можеле. Овие правила важат за сите:

Што значи да се биде човек?

1. Добивате тело, кое можеби ќе го сакате, можеби ќе го мразите, но ќе остане ваше за цело време.

2. Ќе учите лекции. Ќе ве запишат во неформално училиште со полно работно време, наречено „живот“.

3. Не постојат грешки, само лекции. „Растењето“ е процес на обиди, пропусти и експерименти. Неуспешните експерименти се подеднакво дел од процесот, како и оние кои успеваат.

4. Лекциите се повторуваат додека не се научат. Секоја лекција ќе ви биде презентирана на различни начини, сè додека не ја научите. Кога ќе ја научите, може да преминете на следната.

5. Учењето лекции не завршува никогаш. Не постои период од животот кој не содржи лекции. Ако сте живи, тоа значи дека сè уште има лекции за учење.

6. Нема подобро место од „овде“. Кога вашето „таму“ ќе стане „овде“, вие ќе најдете друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од „овде“.

7. Другите луѓе се безмалку одраз од огледалото пред кое стоите. Не можете да сакате или да мразите нешто кај некоја личност, доколку тоа не рефлектира некоја особина која си ја сакате или мразите кај себе.

8. Што правите во животот е ваша работа. Ќе ги имате на располагање сите ресурси и алатки. Што ќе направите со нив зависи од вас. Изборот е ваш.

9. Вашите одговори лежат во вас. Одговорите на животните прашања се во вас. Сè што треба да направите е да погледнете, да послушате и да верувате.

10. Ќе заборавите на сево ова.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар