Што значат соништата? Психолозите имаат различни одговори

Соништата многу долго се под радарот на научниците. Овој феномен е толку мистериозен што многу луѓе сакаат да знаат повеќе за него. Уште поважно е прашањето: „Зошто сонуваме?“ Не постои сигурен одговор кој кажува која е целта на нашите соништа. Секој човек сонува, иако помнењето на соништата е различно кај сите.

shto-znachat-sonishtata-psiholozite-imaat-razlichni-odgovori-kafepauza.mk

Што ни прават соништата? Дали имаат некоја цел?

Ова е прашање на кое сè уште нема одговор, но шпекулациите и теориите си продолжуваат. Позната теорија е дека спиењето и сонувањето работат тимски и му помагаат на мозокот да се обнови после прибирањето на многуте информации во текот на денот. Додека спиеме, мозокот ги „разгледува“ овие информации и го зачувува она што е потребно, а се ослободува од непотребните информации. Истражувачите мислат дека соништата се еден вид алатка во овој процес.

Сонувањето се одвива во потсвеста за време на РЕМ фазата во спиењето. Може да се појави и во другите фази, но најмногу соништа биле забележани во РЕМ. Се покажало дека соништата се поврзани со надополнувањето на меморијата кое се случува за време на спиењето. Овде спаѓа „снимање“ и организирање на сеќавањата според чувствата, како и пренесување на сеќавања низ разните региони на мозокот.

Има ли поврзаност помеѓу соништата и потсвеста?

За одговор на ова прашање потребно е да се погледне во чудниот свет на соништата. Главното прашање е: Дали мозокот се обидува да пронајде некаква смисла во сигналите кои се генерираат во фазата на дополнување на сеќавањата?

Дали соништата значат нешто?

Барањето на значењето на соништата е нешто кое се одвива со векови. Интерпретацијата на соништата многу често е поврзана со вербата, мотивацијата и симболите кои имаат некакво значење за сонувачот. Замислете дека процесот на дополнување на сеќавањата не е случаен и е фокусиран на искуствата од минатото и целите кои се биолошки одредени. Во овој случај се појавува мотивирачката тензија во соништата.

Па, соништата можеби не се пораки кои ни ги праќа потсвеста. Тие можеби се алатка на мозокот за истражување на можни ситуации и подготвување за акција во иднина. Сликите во соништата може се резултат на програмата која ги преработува сигналите кои се генерирани од внатрешните системи за мотивација и кои не се ограничени со сетилата.

Доколку имате чудни соништа, погледнете што може да биде причината за тоа.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар