Што зборува вашата омилена боја за вас?

Што зборува вашата омилена боја за вас?

Повеќето од нас си имаат своја омилена боја. Без разлика дали причината е заради начинот на кој сината ви ги истакнува очите или како зелената ви влијае смирувачки, бојата што ја преферирате зборува за вашата личност. Истовремено, според преферираната боја на вашиот партнер, можете да одредите некои карактеристики за него.

Црвена: боја на страста, лутината и крвта. Таа е основна боја и ги претставува основните нагони како копнеж („Морам да го имам тоа сега!“) и бес (оттаму фразата: „поцрвене од бес“). Црвената е командна боја – застанувате на црвеното светло на семафорот и на знакот „стоп“.

Што зборува вашата омилена боја за вас?

Оние коишто ја обожаваат оваа боја реагираат, понекогаш и без размислување, на своите итни желби. Тие се како деца кои сакаат итно задоволување.

Портокалова: Оваа боја не е многу лесна за носење на себе и не често е некому омилена. Но, портокаловата е страсна. Таа е омекната црвена – на основните, јаки нагони им дава омекнати вибрации. Оваа боја е боја на почетните привлекувања, емоционалната одговорност и внатрешниот магнетизам. Портокаловата е исто така блиска и до златната, која пак е боја на успехот и богатството.

Некој кој сака да носи портокалова боја е жива личност со чувства, способност за негување и интуиција за патот до успехот. Ако сте љубители на оваа боја знаете како да го исклучите прекинувачот кога е страста во прашање.

Жолта: бојата на сонцето, на живоста, моќта и егото… но не е добар индикатор за романса. Пазете се од себичната, „јас“ енергија која доаѓа од луѓето кои преферираат жолта, наместо која било друга боја од виножитото.

Што зборува вашата омилена боја за вас?

Ако ова е вашата омилена боја, ограничете ја употребата на зборот „јас“ кога сте заинтересирани за некој друг. Може да наидете на уште посебичен од вас. Ако наидете на некој кој ја сака оваа боја, почнете веднаш со споделување на вашите животни случки бидејќи оваа личност нема да ви остави многу простор за тоа.

Зелена: Зелената е бојата на љубовта и не е случајно тоа што парите се во оваа боја. 🙂 Ова е боја на животот и изобилието – лисјата, тревата, растенијата – сè е поврзано со растење, развивање, живеење. Зошто тогаш не подаруваме папрати наместо букет со рози во знак на љубов? Ова е така бидејќи зелената е боја на распространувањето, хуманистичката љубов и прифаќањето, не на страсната романса. Исто така, ова е боја на фините луѓе со топло срце. Страста е сигурно присутна, но е закопана длабоко под интегритетот и честа на личноста.

Ако сакате зелена боја, го ставате општо добро, пред своите лични интереси, но не е лошо од време на време да бидете и по малку себични.

Сина: боја на јасното, комуникациите и шармот. Без разлика на нијансата, оваа боја јасно вели: „Сакам да ме разбираат“. Од друга страна пак, под стрес, личноста која ја преферира сината може да испрати погрешна порака преку давање нејасни сигнали на личноста која и се допаѓа, да има тешкотија со одлучувањето или едноставно да се изгуби во сред муабет.

Што зборува вашата омилена боја за вас?

Ако сината е вашата омилена боја, никогаш не ви фали муабет, изразувањето е вашата јака страна. Додека, доколку сте во врска со „сина“ личност, треба секогаш да знаете каде е вашето место.

Виолетова: Оваа боја е симбол на илузии, имагинација и фантазија. Таа ја поттикнува романсата, кокетирањето и предизвикувањето – создава чувство на исчекување со мала доза на разиграност. Негативната страна на оваа боја е што луѓето кои ја преферираат немаат реални очекувања. Лесно е да се живее во сопствениот свет изграден од фантазии, но сепак тука е и реалноста.

Ако сте љубител на оваа боја, веројатно сте замислен романтичар или преферирате романса во која ќе преовладува фантазијата, зависно од вашето расположение.

Бела: Белата е светла боја, комбинација од сите бои. Симболизира чистота (како традиционалниот венчален фустан). Луѓето кои ја сакаат се веројатно чисти и уредни. Ова не е најсексапилната боја, но е дефинитивно најздравата.

Црна: Како белата, и оваа е комбинација од сите бои, но наместо чистотата, го симболизира непознатото, невиденото, мистеријата… Црната всушност не ги открива сите информации, а неспорно е и нејзиното општо прифаќање како злобна и мрачна боја.

Што зборува вашата омилена боја за вас?

Ако вашата омилена боја е црната, вие сте таинствени. Тишината која оваа боја ја создава им овозможува на другите да ги пополнуваат празнините. Црната вели: „Не ти кажувам ништо“. Луѓето кои ја сакаат може да се тешки за да се придобијат, но дефинитивно ова би вредело.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар