Што всушност претставуваат полумесечините на ноктите и која е нивната намена?

Што всушност претставуваат полумесечините на ноктите и која е нивната намена?

Оној мал, побел дел од нашите нокти кој го гледаме како полумесечина е многу чувствителен и е важен дел од структурата на ноктите кој не смее да се оштети. Белата полумесечина на дното на ноктите се нарекува лунула (лат. – мала месечина) и неговата чувствителност се должи на фактот што тој всушност претставува видлив дел од коренот.

Што всушност претставуваат полумесечините на ноктите и која е нивната намена?

Тој е од голема важност за здравјето на ноктите и не смее да се оштети, бидејќи во тој случај ноктите ќе останат трајно деформирани. Меѓутоа, ако го оштетите само остатокот од нокотот или тој отпадне или се отстрани, лунулата ќе остане недопрена и на своето место.

Лунулата е бела само навидум, затоа што петтиот темелен (базичен) слој на епидермот ги „сокрива“ крвните жили кои се наоѓаат под неа. Најдобро се забележува на палецот, но не е реткост воопшто да не се ни забележува на ноктите од некои луѓе. Тоа се случува кога слојот на кожата при коренот на ноктите ја прекрива лунулата.

Во народната и алтернативна медицина постои верување дека лунулата открива информации за нашата здравствена состојба. Така, на пример, според традиционалните кинески верувања, недостатокот на лунула алудира на анемија и лоша исхрана, бледата лунула со синкаста боја на дијабетес, а лунулата со црвени дамки – на кардиоваскуларни болести.

Според ајурведската медицина, лунулата претставува „агни“ – чувство на оган при варењето на храната. Недостатокот на лунула или малечката полумесечина укажува на слабо варење на храната и може да биде последица на забавен метаболизам и насобирање токсини во телото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар