Што ви се случува со мозокот кога навечер го проверувате вашиот смартфон?

Изгледа нашите родители биле во право кога ни велеле да не гледаме телевизија, ниту пак да зјапаме во нашите мобилни телефони пред спиење, бидејќи и науката се согласува со ова. Д-р Ден Сигл, професор по психијатрија, објаснува точно колку штета може да ни предизвикува гледањето во смартфоните, таблетите и компјутерите во моментите пред спиењето. Да бидеме искрени, штетата е толку голема што веднаш ќе ве натера да посакате да ги исклучите екраните и да се нурнете во класична книга.

Што ви се случува со мозокот кога навечер го проверувате вашиот смартфон?

Научниците објаснуваат дека со гледањето во екран, токму пред спиење, ние впиваме низа протони што му велат на мозокот да остане буден. Ова воопшто не е од помош ако се борите со несоница.

Кога доаѓа време за спиење, нашите мозоци природно лачат мелатонин, што ни дозволува да се „исклучиме“, но консумирањето на сите овие дигитални информации нè спречува во оваа намера. Токму затоа и сигурно сте се нашле во ситуација да се превртувате во креветот, без да можете да спиете дури и откако сте ги изгасиле светлата.

За жал, штетата не сопира само тука. Со тоа што вие останувате будни, не ум дозволувате на вашите специјални неврони да се одморат, па затоа и токсините низ вашето тело не се прочистуваат целосно во текот на ноќта. И ако не сте доволно убедени досега, научниците откриле и дека колку повеќе време минувате пред смартфоните навечер, толку полош квалитет ќе има вашиот сон.

Па, можеби е време да ги спуштите телефоните, да ги исклучите таблетите и да почнете да ја слушате науката, се согласувате?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар