Што ви порачуваат бројките за 2015 година?

Што ви порачуваат бројките за 2015 година?

Освен планетите, судбината ни ја одредуваат и бројките. Не е сеедно кога сте родени и кои броеви ви се одредени. За да дознаете што нумерологијата ви има запишано во вашата судбина за 2015, треба да го пресметате вашиот биоритамски број. Тоа е број кој се добива со собирање на сите поединечни цифри од вашиот датум на раѓање, сведен на едноцифрен број. На пример, родените на 27 март имаат биоритамски број 2+7+3=1+2=3.

shto-vi-porachuvaat-brojkite-za-2015-godina-kafepauza.mk
1

Би требало да ги завршите сите незавршени работи и да ги реализирате целите кои одамна си ги имате зацртано. Ќе имате многу енергија, мотивација и сила, особено ако се занимавате со работа која подразбира социјално ангажирање, а тоа најмногу се однесува на оние „единици“ кои се занимаваат со спорт.

2

Ова е година во која ќе можете да започнете многу нешта за кои сте размислувале и фантазирале претходните 9, без разлика дали се работи за вашиот љубовен или финансиски аспект од животот. Бидете упорни и не откажувајте се од своите цели. Раководете се според инстинктите, не според логиката. Треба да имате резервен финансиски фонд.

3

Влегувате во година во која вашиот талент и креативниот потенцијал можат да дојдат до потполн израз. На многу „тројки“ ќе им се укажат прилики за патување, нови љубовни авантури и дружење со пријателите. Годината е посебно наклонета на „тројките“ кои се занимаваат со уметност или спорт.

4

Во новата година би требало да се посветите на образованието и на стручно усовршување, особено ако сте млади, а ве очекуваат и чести патувања надвор од земјата. Бидете реални и проценувајте ги сопствените можности според потенцијалот и правете план за работа. Рекреацијата и промената во начинот на исхрана ќе бидат многу значајни за вашиот личен напредок.

5

Во оваа година многу напорно ќе работите за да постигнете некои важни цели. Покрај препреките и ограничувањата, ќе бидете во ситуација да пробате нешто потполно ново, што може да ви донесе и некои посакувани промени на работа. Пазете си ги зглобовите, ќе бидете повеќе подложни на повреди.

6

Пред вас е година на љубовта, романтичните средби и познанствата, дружењето со млади луѓе, патувањето и учењето. Ако сте во зрели години, веројатно ќе посакате да внесете некакви промени во вашиот станбен простор, да го адаптирате или проширите местото на живеење. Односите со членовите на семејството ќе бидат од пресудно значење за вас.

7

Дојде време да го унапредите своето знаење, посебно ако се занимавате со некоја креативна работа. Новата година ви носи и можности за заљубување или стапување во брак или макар заеднички живот со партнерот. Со оглед на тоа дека сте љубители на ризикувањето, ќе бидете во ситуација брзо да донесувате важни одлуки.

8

Ве очекува професионална и финансиска сатисфакција. Имате 8, број кој симболизира моќ, пари и јака волја. Би требало да бидете повнимателни во сообраќајот, бидејќи следната година носи зголемен ризик од повреди.

9

Во наредната година би требало да се посветите на финансиите, посебно ако планирате да инвестирате во некоја самостојна дејност. Ако се занимавате со уметност или медицина, годината ќе ви биде погодна за усовршување и проширување на активностите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар