Што ви откриваат омилените книги за вашата личност?

Што ви откриваат омилените книги за вашата личност?

„Не им верувајте на оние чијшто телевизор е поголем од полиците за книги“, ќе ви каже некој од обожавателите на пишаниот збор. Но, не е сеедно што се наоѓа на тие полици. Жанрот кој го читате ве обликува вам како личност и остава во вас дел од светот кој го измислил писателот, па не е ни чудо тоа што книгите што ги сакате може да зборуваат многу за вас. Погледнете што има да ви каже омилениот жанр книги.

Еве што ви откриваат омилените книги за вашата личност

Класици. Достоевски, Андрич, Хемингвеј… Нема дилема, претставниците на класичната литература се вашиот прв избор. Најверојатно во училиште не сте ги читале лектирите затоа што требало, туку затоа што сте уживале во сите задолжителни дела. Кога се во прашање меѓучовечките односи, вие не сакате површност, туку повеќе сакате една личност да ја запознаете суштински наместо да зборувате со многумина. Во секојдневниот живот вие ја цените едноставноста.

Љубовни романи. Џејн Остин ја доживувате како најдобра другарка, се чувствувате како четврта сестра на Бронте, уживате во романите на Мир-Јам… Да, вие сте романтични и поради љубовта сте спремни на големи дела, исто како и женските јунаци со кои сте плачеле, сте се смееле и сте пораснале. Вашите високи очекувања во љубовта честопати ве „удираат во глава“, но научени сте животот да го набљудувате од светлата страна.

Фантазија. Љубителите на „Хари Потер“, „Господар на прстените“, „Автостоперски водач низ галаксијата“, претежно се сочувачи. Тие уште од нивното детство се воодушевени од таинствените светови и митови. Како што се комплексни заплетите и ликовите од книгите кои ги сакаат, така и нивниот внатрешен живот им е богат. Бегство од суровото, па и досадно секојдневие, бараат во фантазијата, затоа и неретко ќе ги видите како со насмевка гледаат низ прозорецот, додека сите околу нив се нерасположени. За нив времето и просторот се релативни категории, па од тој аспект ги набљудуваат и љубовта, кариерата и луѓето околу себе.

Историски романи. Приказни за светите владетели, уметниците, политичари спакувани во роман како слободна форма, зборуваат за тоа дека вие не сакате изненадувања. Најверојатно уредно ги забележувате сите планови и обврски, го прецртувате она што сте го сработиле, правите список кога одите да пазарувате и само одвреме-навреме си дозволувате да имате некоја спонтана ситуација. На работното место сте перфекционист на кој не му бега ниту еден детаљ, озборувањата не ве интересираат, но се претворате во уво штом некој ќе почне да зборува за случувања и тајни од минатото.

Еве што ви откриваат омилените книги за вашата личност

Хорори. Незаменливо е чувството кога го слушате како силно чука вашето срце додека ја читате „Сјаење“ од Стивен Кинг или „Истерувачи на ѓаволот“ од Вилијам Питер Блети, па по малку и сте навлечени на него. Исто чувство ве демне и во животот, па најверојатно сте ги испробале сите луди возења во луна паркот како дете, а можеби и скок со падобран или слични активности кои ви го креваат адреналинот. Вие сакате да ризикувате, одлични раскажувачи сте, а пријателите уживаат во вашата верзија и навидум обичните случувања. Вам ве привлекуваат слични личности.

Трилери. Додека во мислите патувате низ лавиринтите на Ден Браун, Роберт Ладлам, Џон Гришам и се прашувате „кој е убиецот“, со иста прецизност, аналитика и интелигенција се покажувате и во реалноста. Со вас не е забавно да се гледа трилери, затоа што веќе знаете како се одвиваат работите, па сфаќате кој е злосторникот пред другите да го сфатат тоа. Исто така и животот го сметате како голема мистерија, понекогаш можете да претерате па да видите тајни и проблеми и онаму каде што ги нема. Вие сакате да бидете енигма за околината, па и за спротивниот пол.

Мемоари и автобиографии. Вие сакате да читате за познатите личности, за нивниот живот, маните, вредностите и нивните дела, па така и во реалноста ве интересираат другите. Истовремено се трудите да го унапредите сопствениот живот. Вие имате редок дар да слушате, склони сте кон необични гестови, затоа што потсвесно сакате тие да ги создадат вашите мемоари, ако некогаш бидат напишани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар