Што се случува со нашето здравје кога ни недостигаат пари?

Што се случува со нашето здравје кога ни недостигаат пари?

За сите нас, повеќе или помалку, недостатокот на пари ни е една од најголемите причини за грижа. Но, дека заради сиромаштијата можеме да добиеме инфаркт, чир на желудникот, мигрена или силни болки во грбот, за тоа никој од нас воопшто не ни помислил. Меѓутоа, од научниците и истражувачите неодамна пристигнала официјална потврда дека стресот заради недостиг на пари може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

1-shto-se-sluchuva-so-nasheto-zdravje-koga-ni-nedostigaat-pari-www.kafepauza.mk_

Најновото истражување од страна на Универзитетот во Бостон, покажало дека финансиските потешкотии делуваат деструктивно на здравјето, повеќе одошто сме мислеле. Освен тоа што постои двапати поголем ризик да доживеете срцев удар, личностите со финансиски проблеми може да имаат и низа други здравствени тегоби.

Трка за пари како начин на живот

Дека имаат чир на желудникот и нарушување во варењето на храната, изјавиле 27% од луѓето кои се борат со сиромаштијата, додека од друга страна, само 8% од оние кои не се грижат за парите ги имаат истите здравствени проблеми. Од главоболка и мигрена патат дури 44% од луѓето кои се под стрес заради недостаток на пари, а само 4% од оние без финансиски проблеми. Напнатост во мускулите во ‘рбетниот дел чувствуваат 65% од личностите со финансиски потешкотии, а заради лошата материјална состојба често чувствуваат и жестоки болки во овој дел од грбот или мускулите.

За поврзаноста на сиромаштијата и физичкото здравје укажуваат и психотерапевтите.

Сиромаштијата ја зголемува нервозата, тензијата, стресот, чувството на несигурност и губењето на самопочитта. Овие негативни психички промени директно влијаат на физичкото здравје. Се јавуваат таканаречена психосоматски заболувања, исто како што покажало новото истражување, а тука се и срцевите заболувања, чир на желудникот, напнатост во мускулите, мигрени, како и разни заболувања на половината, најчесто во ‘рбетниот дел.

2-shto-se-sluchuva-so-nasheto-zdravje-koga-ni-nedostigaat-pari-www.kafepauza.mk_

Тие велат и дека луѓето во условите на современиот живот, кој најчесто е насочен кон стекнување пари и удобност, се под постојан притисок кој ги потиснува и им го нарушува здравјето.

Тоа ги воведува во психолошки стрес, особено во условите на сиромаштија. Во нашата средина, во која граѓаните заради транзицијата повеќе од 20 години живеат во услови на несигурност, како директна последица се јавуваат анксиозност и депресија. А, знаеме дека овие нарушувања предизвикуваат низа физички заболувања – кардиоваскуларни проблеми, инфаркт, канцер, смртност во разните фази на зрелата доба.

Уживајте во малите работи

Психотерапевтите исто така предупредуваат дека многу истражувања покажуваат дека сме, за жал, помалку здрави за разлика од пред 20 години.

На обичниот човек не му преостанува ништо друго освен од материјалниот да се пренасочи кон духовниот начин на живеење. Тоа вклучува уживање во малите, секојдневни активности кои го опуштаат. Да се насочи кон среќата во семејството, занимавање со децата и да разменува позитивни емоции со пријателите.“

Размислувајте за она што го имате во животот, а не за тоа што ви недостига. Среќата никогаш не зависела само од парите, па ниту вашето здравје. Ако на тој начин ги поставите работите, помалку ќе боледувате заради сиромаштијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар