Што се случува со нас кога сме заљубени?

Што се случува со нас кога сме заљубени?

Дали некогаш се имате толку лудо заљубено да не забележувате ништо околу вас, да губите концентрација, па дури и да се однесувате изгубено? Научниците ни објаснуваат зошто така се однесуваме кога ќе се вљубиме.

Што се случува со нас кога сме заљубени?

1. Сигурно сте чуле за изреката „љубовта нè прави глупи“. Сепак, не се работи за тоа дека го губиме умот, туку дека поради заљубеноста не сме фокусирани на другите работи кои ги правиме во животот.

„Кога сме заљубени, тешко ни е да се концентрираме на другите обврски, бидејќи поголемиот дел од времето размислуваме за личноста која се појавила во нашиот живот“ – објаснува докторот Хенк Ван Стенберг од холандскиот Универзитет Леиден.

2. Љубовта нè прави попозитивни и посреќни. Научниците ова ги имаат докажано со помош на снимки направени со магнетна резонанса на кои се покажало дека кога сме заљубени се активираат делови од мозокот исто како кај зависниците кои земаат кокаин и се чувствуваат супер.

„Заљубеноста создава чувство на еуфорија, како да сме на врвот на светот и не постојат непремостливи препреки“ – објаснува професорката по неврологија Луси Браун од њујоршкиот медицински Универзитет Алберт Ајнштајн.

3. Уште едно откритие е тоа дека заљубеноста нè прави отпорни на болка. Истражувањето на Универзитетот Стенфорд покажало дека поради тоа убаво чувство, во мозокот се вклучуваат делови кои инаку ги стимулираат лековите против болка. Дури и држењето за рака со саканата личност може да ја ублажи болката.

4. Дури ни големите мачо фраери не можат да ги избегнат последиците од заљубеноста, а една од нив е побавното движење. Истражувањето покажало дека мажите го забавуваат својот чекор за да го прилагодат својот ритам на партнерката.

5. Едно од најромантичните сознанија – на заљубените парови срцата почнуваат да им чукаат во ист ритам.

6. Ви се менува тонот на гласот при разговарање. Најчесто жените го повишуваат својот глас за да бидат поженствени и попривлечни за својот партнер.

7. Со сигурност сте чуле дека љубовта нè прави слепи. Кога некој љубовно ќе нè маѓепса тоа има толку моќен интензитет, што луѓето со атрактивен изглед повеќе не ги гледаме така.

8. Љубовта нè прави похрабри. Истражувањата покажале дека на крилјата на љубовта сме спремни да се впуштиме и во опасни и ризични ситуации, бидејќи тоа го сметаме за романтично однесување.

9. Заљубеноста може да се види во човечките очи, бидејќи е докажано дека зениците ни се шират кога љубиме.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар