Што се случува со култните британски црвени говорници?

Надалеку препознатливите црвени телефонски говорници кои можат да се сретнат само во Велика Британија пополека почнуваат да исчезнуваат. Но сепак, благодарение на локалните заедници и на компанијата „British Telecom“ стотици од нив почнаа да се реупотребуваат, само да се зачуваат овие иконски споменици.Што се случува со култните британски црвени говорници?Во 2002 година, на улиците низ Велика Британија имало 92.000 јавни говорници. Оваа бројка денеска е падната до 51.500, од кои само 11.000 се од традиционалните црвени говорници. Во последните 20 години, компанијата повлече илјадници говорници низ целото кралство, бидејќи луѓето почнаа да комуницираат преку мобилни телефони и преку интернет.Што се случува со култните британски црвени говорници?Но, за многу гратчиња и села, овие црвени говорници се дел од историјата, традицијата и идентитетот. Па така, за да не бидат демолирани или повлечени од компанијата, во 2009 година „BT“ започна проект наречен „Adopt a kiosk“. Овој проект дозволуваше локалните заедници да ги присвојат говорниците во нивното подрачје, плаќајќи само 1 фунта и да ги претворат во нешто друго, по нивна желба. Така компанијата кога ќе добие барање за сопственост, од кабините го вади само телефонот. Оттогаш до денеска купени се околу 1.500 говорници, кои се претворени во галерии, чајџилници, цвеќарници, продавници за овошје и зеленчук, но дефинитивно најмногу се користат за создавање јавни библиотеки.Што се случува со култните британски црвени говорници?Што се случува со култните британски црвени говорници?Повеќето од овие библиотеки се постојано отклучени и секој може да дојде да земе книга или некое дивиди за гледање, а за возврат мора да донесе нешто свое и да го остави во библиотеката. Сите книги, касети, цедеа и магазини се донација од граѓаните кои живеат во близина на овие интересни поранешни говорници.

Овие црвени говорници се симбол на британската култура уште од 20-тите години на минатиот век, а локалните заедници се трудат повторно да ги употребат, иако во нив повеќе нема телефони.Што се случува со култните британски црвени говорници?Што се случува со култните британски црвени говорници?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар