Што се случува на интернет за една минута?

Со оглед на фактот дека од ден на ден интернет корисниците сè повеќе се зголемуваат, навистина е тешко да се опише што всушност се случува на интернет во еден ден. Сепак, екипата на „Ultralinx“ направила една мала анализа и открила интересни податоци, за тоа што сè се случува на интернет во една минута.Што се случува на интернет за една минута?

  • Во една минута се испраќаат повеќе од 204 милиони имејлови.
  • Во една минута се симнуваат повеќе од 47.000 апликации за паметни телефони.
  • Во една минута на Фликр се прелистуваат 20 милиони фотографии и се прикачуваат нови 3.000.
  • Во една минута на Јутјуб се прикачуваат видеа со вкупно времетраење од 30 часа, а во истиот период се прелистуваат 1,3 милиони видеа.
  • Во една минута на Гугл се вршат 2 милиони пребарувања.
  • Во една минута, Фејсбук се отвора 6 милиони пати.
  • Во една минута на Твитер се отвораат 320 нови профили и се објавуваат 100.000 твитови.
  • Во една минута на Амазон се продаваат работи во вредност 83.000 американски долари.
  • Во една минута на Википедија се објавуваат 6 нови текстови.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар