Што сè се заборава по хотелите?

Кога патувате, ги заборавате ли вашите лични предмети онаму каде што престојувате? Во синџирот британски хотели „Травелоџ“, собарките пронашле дури и 18-месечно бебе. Неговите презафатени родители, брзајќи да стигнат на свадба, излетале од хотелот и го заборавиле во собата. Забележале дека го нема по неколку минути откако тргнале со автомобилот.

Во овие хотели бил пронајден и хрчак со име Фредерик. Расеаниот сопственик се сетил на своето милениче доцна по одјавувањето од хотелот, односно откако веќе пристигнал дома.

Меѓу најбизарните работи кои биле заборавени во „Травелоџ“ е урна со пепел од починатата сопруга на еден од гостите во хотелот.

Друг невнимателен посетител оставил кутија со часовници вредни 50 илјади фунти, а идна невеста за малку ќе останела без венчаницата од Вера Ванг, бидејќи младоженецот заборавил да ја спакува и да ја понесе со себе.

Заљубен пар пак, зад себе оставил комплетно декорирана соба со новогодишни украси, од сијалички, елка, божиќни костими, па сè до печена мисирка. Одлучиле празниците да ги дочекаат малку порано, па вака наместената соба била вистинско изненадување за вработените во хотелот, кои најлудата ноќ ја поминале работно.

Од „Травелоџ“ се шегуваат дека девојките од Ливерпул кај нив ја оставаат буквално цела репутација, шминки, секси играчки, надградби на коси, перики, вештачки трепки, лосиони за тен..

Најголемиот дел од гостите, никогаш не се враќаат назад по предметите. Затоа, на следното патување, убаво проверете дали ставивте сè во вашиот куфер. :)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар