Што сè ги мачи ниските девојки?

Што сè ги мачи ниските девојки?

Како што девојките со големи гради си имаат проблеми кои само тие си ги сфаќаат, како што високите луѓе редовно добиваат прашања и коментари кои им одат на нерви, така и ниските девојки се соочуваат со ситуации поради кои се чувствуваат непријатно и само тие си знаат како им е. Еве некои од нив, кои веројатно ви се познати доколку ви фали некој сантим.

Што сè ги мачи ниските девојки?

Ви висат нозете од столицата

Кога излегувате во кафуле со пријателите и некој од друштвото одлучи да седне на шанкерско столче, тоа не е баш добра вест за вас. Додека сите околу вас се смеат и си поминуваат убаво, вие се чувствувате како да имате 10 години бидејќи не го допирате подот и ви висат нозете од столицата.

Секогаш ве креваат кога ќе ве сретнат

Ќе се сретнете со пријател од детството или од средношколските денови и тој веднаш ве крева во раце велејќи ви „па кај си, не сум те видел одамна“. Не само што ве враќа во детството во моментот кога нозете ви летаат во воздух, туку на ова обично се надоврзува и коментар од типот „имам заборавено колку си ниска“.

Никој не ве сфаќа сериозно

Кога се расправате, без разлика дали со другар, другарка или со момчето, вашата појава предизвикува потценувачки коментар од типот „баш си интересна кога се караш“. Како да недостатокот на сантиметри во височина значи и недостаток на способност за аргументирана дискусија. Нормално, ова дополнително ве збеснува.

Во средина на задното седиште

Бидејќи вие сте најмали, обично ве сместуваат во средина на задното седиште, сплескани во сендвич од две грамади.

Мирисот на туѓите гради

Звучи смешно, но вистина е. Кога некој ќе ве гушне, без разлика дали момче или девојка, заради недостатокот на сантиметри може да се случи да го зариете вашиот нос во градите на другиот. По оваа малку непријатна ситуација, тие сфаќаат дека треба да се поспуштат додека вие упорно се кревате на прсти.

Пронаоѓање на соодветна облека

Забележувате убав фустан, штосни фармерки или блуза во бутикот, но што и да пробате, секогаш ви виси вишок материјал. За среќа, сепак нешто и вие треба да носите, па сепак ќе се одлучите за она што ви се допаѓа, но за жал постојано сте кај локалниот кројач на скратување.

Заповед при фотографирање

Се подразбира дека ниските луѓе треба да бидат понапред на групните фотографии, но едноставно не можете да не превртите со очите кога некој ќе го каже тоа гласно.

Не гледате ништо на настани

На концерт, во кино или на плоштад – вие никогаш не успевате да видите ништо од луѓето кои стојат пред вас. Тоа нормално многу ви оди на живци бидејќи не успевате да сфатите и доживеете што се случува на социјалниот настан на кој присуствувате.

Имате улога на потпирач

Буквално. Ако некој стои покрај вас, не може да одолее да се не потпре на вашето рамо, па дури и на главата, демек на шала.

Високи очекувања

Има многу работи кои се прават од повисоко. На пример некои продукти во маркетите стојат високо на полиците, па вие мора да скокате за да го дофатите она што ви треба. На крај сепак нема да успеете, па мора да замолите некој да ви го докачи. Исто така, кога ќе сретнете другар или другарка, наместо во образ, често си добивате бакнеж во чело.

Би додале нешто?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    BO KREVET SITE SE ISTA VELICHINA NEMA RAZLIKA VO KOJ KOLKU E POGOLEM.

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор