Што прво забележавте на оваа слика? Одговорот ќе ви открие што навистина сакате во животот!

Вашите несвесни избори и првите воочувања откриваат многу за начинот на кој функционира вашиот мозок, но и за внатрешните желби кон кои се стремите и за кои најмногу размислувате. Добро погледнете ја оваа слика. Можеби веднаш ќе започнете да забележувате повеќе работи, но она што најпрво сте го забележале ќе открие што ви е најважно во животот и кон што се стремите.

1-shto-najprvo-zabelezhavte-na-ovaa-slika-toa-otkriva-shto-navistina-sakate-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

Пештера – Сакате страсна љубов!

Сонувате дека ќе запознаете некој кој ќе ви внесе радост во животот и ќе ви ги избрише сите непотребни грижи. Сметате дека некој таков би ве исполнил целосно и дека тогаш вашиот живот повеќе нема да биде досаден. Доколку имате можност да запознавате нови луѓе, воопшто не се двоумете.

Море – Сакате слобода!

Сѐ што сакате е да живеете самостојно по сопствени правила и без прашања од другите. Но, тоа што можеби не го знаете е дека вие навистина можете да живеете така. Правете што сакате и искусете го животот на начин на кој вие сакате. Сè останато самото ќе си се смести на своето место.

Лице – Барате баланс и среќа!

Сѐ што ви е потребно е урамнотежен, мирен живот без големи осцилации. Тоа најмногу ве радува бидејќи вие не сте тип кој тежнее кон екстреми. Сѐ што ви треба е добра храна, добри пријатели и добра смеа.

Освен желбите, во нас се кријат и нашите стравови, а тоа што прво ќе го забележите на оваа слика го открива вашиот најдлабок страв.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар