Што правите кога ќе си дојдете дома од работа?

Што правите кога ќе си дојдете дома од работа?

Не е сеедно дали веднаш ќе се раскомотите и ќе се пресоблечете во тренерки и папучи, ќе јадете од нога или ќе го претворите домот во канцеларија и веднаш ќе продолжите со работа. Она што прво го правите кога ќе се вратите дома после напорен ден на работа, говори многу за нас, барем така тврдат психолозите.

shto-pravite-koga-kje-si-dojdete-doma-od-rabota-kafepauza.mk

Опуштените личности веднаш се пресоблекуваат, а најмногу од сè ја ценат удобноста, слободата и не сакаат ништо што би ги ограничувало во животот.

Ако од врата веднаш се фаќате за фрижидерот, бидејќи сте толку гладни што мислите дека би ја изеле сета храна сосе него, тогаш би требало да промените нешто во своето однесување. Оваа навика укажува дека туѓите потреби секогаш ги ставте пред своите.

Можеби веднаш ја земате опремата за вежбање, готвите и чистите или трчате во теретана? Тоа значи дека сте дисциплинирани, мотивирани сакате рутини.

Од друга страна, ако сакате само да се спуштите во фотелја и да ја гледате омилената серија, постои веројатност дека не сте баш задоволни од начинот на кој го водите животот, па наместо да се соочите со своите проблеми, уживате во набљудување на туѓите.

Оние пак, кои постојано ја носат работата дома, имаат комплекс бидејќи веруваат дека без нив фирмата, работата или проектот веднаш ќе пропаднат.

Каква е вашата рутина кога се враќате од работа?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. opusten covek Reply

    Опуштените личности веднаш се пресоблекуваат, а најмногу од сè ја ценат удобноста, слободата и не сакаат ништо што би ги ограничувало во животот.

    hihi da da da… 😀

Остави коментар