Што открива ракописот за вашиот карактер?

Што открива ракописот за вашиот карактер?

Вашиот ракопис говори за вашата личност повеќе отколку што мислите. Ова го тврдат графолозите, кои се бават со анализа на ракописите. Па затоа земете лист и пенкало, напишете една реченица и дознајте дали тие се во право.

Што открива ракописот за вашиот карактер?

Закосеност на буквите

Доколку буквите во вашата реченица се закосени кон десно, најверојатно вие сте екстравертна личност која обожава да се дружи и има многу пријатели.

Доколку буквите во вашата реченица се закосени на лево, тогаш вие сте личност која ужива кога е сама и која понекогаш е голем бунтовник, особено доколку пишувате со десна рака.

Доколку буквите во вашата реченица се потполно прави, вие сте практична личност, која не сака многу да ги покажува своите емоции и се води по својата логика.

Што открива ракописот за вашиот карактер?

Големина на буквите

Доколку вашиот ракопис е крупен, вие сте многу самоуверена личност која сака да биде во центарот на вниманието. Докажано е дека славните личности имаат крупен ракопис.

Доколку пишувате ситно, тогаш вие сте помалку срамежлива личност, но точно знаете што сакате и знаете да се концентрирате на приоритетите во животот.

Доколку сметате дека големината на вашите букви е средна, тогаш вие сте многу снаодлива личност која знае да се прилагоди на сите ситуации.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар