Што открива должината на косата за вашиот карактер?

Без разлика дали косата ви е долга или кратка, несомнено е дека таа е една од карактеристиките што најмногу ве дефинираат. Според некои истражувања, косата е одраз на вашиот карактер. Во продолжение дознајте што открива вашата фризура за вас…

Пикси фризура или многу кратка коса

Што открива должината на косата за вашиот карактер?

Вие сте самоуверена, друштвена, шармантна и пријатна личност. Лесно ви е да запознавате нови луѓе и да стекнувате нови пријатели. На професионален план, сакате да најдете работа која ќе ви дозволи да ја покажете вашата интелигенција. Знаете како да се соочите со проблемите со интегритет и самоконтрола, иако понекогаш дејствувате без да размислите два пати.

Боб фризура или коса со должина над рамената

Што открива должината на косата за вашиот карактер?

Вие сте директна личност која секогаш ја кажува вистината, дури и кога е болна. Можете да воспоставите рамнотежа помеѓу вашиот приватен и професионален живот. Вие сте бестрашни и организирани. Мразите рутина, немате комплекси и сакате да пробувате нови работи. Понекогаш дејствувате пред да размислите добро, што може да ве доведе до неволја.

Лоб фризура или коса со должина до рамената

Што открива должината на косата за вашиот карактер?

Вие сте многу задоволни од вашиот женствен, елегантен и софистициран изглед. Обожавате да зборувате и вашата природна убавина ги привлекува сите луѓе што ќе ве сретнат. Сакате предизвици и нови проекти. Експерти сте во стекнување нови пријателства, кои потоа без проблем ги одржувате.

Долга или многу долга коса

Што открива должината на косата за вашиот карактер?

Вие сте внимателни, трпеливи и сакате да сонувате со отворени очи. Кога станува збор за љубовта, барате сериозна врска и давате сѐ од себе, но исто така сте и многу пребирливи и имате високи очекувања од партнерот. Се борите за вашите соништа и правите сѐ што е потребно за да ги достигнете вашите цели. Вашата упорност ќе ви помогне да го остварите сето она што сте го замислиле.

Во продолжение дознајте повеќе за тоа што открива бојата, формата и должината на вашата коса за вас.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар