Што очекувале мажите од своите сопруги пред 100 години?

„Ladies Home Journal“ било списание за жени во 19-от век и низ неговите содржини можеле да се најдат многу информации за уредување на градината и грижата за цвеќињата, за музиката, за тоа како децата треба да ги почитуваат постарите, како и многу рецепти за готвење.

Што очекувале мажите од своите сопруги пред 100 години?

Во 1895 година била објавена статија која понудила неколку корисни совети за сопругите, под наслов „Правила за среќните жени“. Со нивна помош можеме да видиме како се живеело во тоа време и точно што мажите барале од својата сопруга.

1. Ниеден маж не сака неговата жена да му биде сенка, па понекогаш сака таа да се согласи со него, да биде мила, да сочувствува со него и да го прифати неговото мислење за луѓето и нештата.

2. Жената секогаш треба да зборува убаво за другите луѓе и за доброто на својот сопруг. Тој сака да слуша за благородни, срдечни луѓе, за оние кои живеат чесен живот, кои се среќни и се сакаат. Тоа ја враќа неговата доверба во човештвото, кое често ја покажува својата лоша страна.

3. Мажот од својата сопруга очекува таа да биде подобра од него. Без разлика колку е религиозен, тој смета дека идеалната жена секогаш има чиста душа како голем верник и верува дека таа е духовно почиста и поблагородна од него.

4. Ако секој ден носите ист фустан и секогаш имате иста фризура, вашиот сопруг можеби нема да го промени неговото однесување кон вас, но наскоро ќе престане да ве гледа на истиот начин како претходно и ќе го изгуби интересот.

Во ова списание имало мислење и за летната долна облека:

5. Долната облека во лето би требало да биде лесна и удобна. Не треба да биде тешка, но сепак доволна да ве загрее и заштити од настинки.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар