Што најмногу го привлекува спротивниот пол кај вас?

Што најмногу го привлекува спротивниот пол кај вас?

Неодамнешните психолошки истражувања, објавени во списанието „Evolutionary Psychology“ ги откриле квалитетите што жените ги сметаат за најатрактивни на машкото лице. Научниците им покажувале на жените фотографии од различни машки лица и притоа им објаснувале како тие би се однесувале во различни ситуации, на пример, при купување храна за бездомници или при помагање стари луѓе. Резултатите покажале дека жените преферираат грижливи мажи, особено кога станува збор за избор на партнер за долгогодишна врска.

shto-najmnogu-go-privlekuva-sprotivniot-pol-kaj-vas-kafepauzamk

Алтруизмот, како несебична грижа и љубов кон блиските се наоѓа на првото место на квалитети што им се важни на жените. Жените, сепак, сакаат кога мажите се грижливи и атрактивни во исто време. Но, кога би требало да одбираат само една особина, тогаш алтруизмот ќе го изберат пред добриот физички изглед на партнерот.

Од друга страна, истражувањето објавено во списанието „Royal Society Open Science“, спровело истражувања во обратна насока, утврдувајќи кои особини на женското лице им се најпривлечни на мажите. Според ова истражување, се покажало дека на мажите им се најпривлечни едноставни лица на кои не се истакнува ништо посебно. Едноставните лица кои имаат меки контури и малку брчки, се полесни за разбирање од страна на машкиот мозок, а сите знаеме дека мажите сакаат едноставни работи. Во контекст на истото истражување, на последната група испитаници им биле покажувани фотографии на жени со различни експресии на лицето, некои се лутеле, некои биле тажни, а некои пак насмеани. Овој дел од испитувањето утврдил дека на испитаниците им се најпривлечни лицата на кои можат да прочитаат емоции што ги разбираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, којашто во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

Остави коментар