Што ќе се случи со вашето тело ако секојдневно пиете Кока-кола?

Сè повеќе и повеќе истражувања покажуваат дека газираните пијалаци предизвикуваат вистински хаос во нашиот организам. Ако секојдневно пиете од овие пијалаци, можеби листава ќе ве натера да го промените тоа.

1. Недостаток на витамини

Фосфорната киселина која ја има во Кока-колата, во комбинација со кофеинот ги отстранува хранливите материи и витамини од вашето тело, и тоа 60 минути откако ќе го испиете пијалакот. Замислете што се случува кога пиете секој ден.

2. Ерозија на забите

(2)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mk

Високата киселост и шеќерот во Кока-колата предизвикуваат кариес. На ова додајте го ниското ниво на калциум поради недостатокот од витамини, и ќе завршите со расипани заби. И нема да биде потребно многу долго време за тоа да се случи.

3. Анксиозност

(3)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mk

Покрај недостатокот од сон, и анксиозноста е несакан ефект од консумирањето кофеин. Секоја лименка Кока-кола содржи исто количество кофеин како и шолја силно кафе. Исто така, докажано е дека може да биде и заразана. Па штом ќе решите да се откажете од овој пијалак можете да почувствувате главоболки, замор, па дури и депресија.

4. Дебелина

Кога станува збор за вишокот килограми, повеќе се мисли на тоа како се чувствувате отколку како изгледате. Самото тоа што имате некој килограм повеќе не е проблем, но тоа може да го зголеми притисокот на вашиот кардиоваскуларен систем, како и на вашите зглобови и коски. Имајте на ум дека тие веќе се ослабени поради недостатокот од калциум.

5. Проблеми со кожата

(5)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mk

Секојдневното пиење Кока-кола го има истиот ефект на кожата како и пушењето цигари. Газираните пијалаци предизвикуваат воспалување на кожата поради големото количество шеќер во нив. Тие ја дехидрираат кожата и ги истакнуваат линиите и брчките на лицето. Го забрзуваат стареењето на кожата, може да предизвикаат егзема, многу сува кожа и акни.

6. Проблеми со срцето и крвта

(6)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mk

Зголеменото ниво на холестерол може да предизвика инфаркт. Ако пиете по една лименка Кока-кола дневно, вие веќе можно е да имате висок крвен притисок. Жените кои консумираат по една лименка дневно, имаат поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2.

7. Ризик од рак

(7)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mk

Ова не значи дека ќе добиете рак ако секојдневно пиете Кока-кола. Но, поради молекулите на бензен во овој пијалак и неговото пластично пакување, лекарите препорачуваат да го ограничите внесувањето на една лименка неделно за да го намалите ризикот од рак.

8. Проблеми со бубрезите

(8)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mk

Ако мислите дека диеталната Кока-кола е побезбедна, тогаш се лажете. Таа можеби не содржи шеќер, но има вештачки засладувачи кои не се добри за вашите бубрези, особено ако ја пиете секој ден.

Погледнете ги и останатите проблеми кои ги предизвикуваат газираните пијалаци.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар