Што ќе се случи кога ќе се откажете од кафето на еден месец?

Повеќето од нас го почнуваат денот со шолја кафе, и не можеме да го замислиме утрото без тој ритуал. Но, сигурно и вие како многу други, се имате прашувано што би се случило доколку се откажете од него. Една девојка решила да го направи токму тоа и го раскажува нејзиното искуство. Погледнете што ѝ се случило.

Прва недела: Првиот ден беше најтежок. Не можев да се сконцентрирам и само сакав да спијам. Преку неделата, пробував разни алтернативи – зелен или овошен чај, овошни салати – и некои од нив навистина помогнаа.

Втора недела: Почувствував огромна желба за кафе на почетокот на неделата и речиси не издржав. Но, го надминав искушението и се гордеам за тоа.

Трета недела: Заспивањето ми стана многу полесно. Нема превртување во креветот цел час. Ова е навистина добро.

Четврта недела: Будењето за на работа стана полесно. Потребно е да се будам во 6 наутро за да успеам да ги завршам сите работи, но секогаш си продолжував уште 10-тина минути. Сега се чувствувам многу подобро во врска со будењето наутро.

Што ми даде експериментот?

  • Подобар сон. Сега спијам цврсто и се чувствувам наспано дури и после 6 часа. Само ова е доволна причина да не продолжам со пиење кафе.
  • Повеќе енергија. Изгледа дека на одмореното тело не му е потребно кафе за да се разбуди. Исто така забележав и дека станав посмирена.
  • Подобар изглед. Здравиот сон направи да изгледам свежо и се ослободив од темните кругови под моите очи.
  • Нема повеќе зависност. Признавам, откако заврши експериментот веднаш отидов да се напијам кафе. И знаете што? Не беше ништо посебно. Не знам зошто сум го сакала толку многу.

Најважното нешто: Излезе дека не беше кафето она што го сакав толку многу, туку самиот ритуал на подготвување и пиење. На секој од нас му е потребно малку задоволство во секојдневната рутина.

Доколку и вие се одлучивте да го пробате експериментот, погледнете ги овие 3 чекори кои ќе ви помогнат во тоа.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар