Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?

Овој неверојатен замрзнат водопад кој произлегува од стан во една зграда во Џилин, Кина, е дело на 58-годишниот Вен Хсју, кој е единствениот преостанат станар. Тој ја оставил пуштена славината на чешмата во текот на цела зима, за да се осигури дека неговите неизолирани цевки нема да замрзнат од студот.
Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?Па, доколку некогаш сте се прашувале што би се случило доколку ја оставите водата пуштена во текот на целиот зимски период, еве ви го одговорот – огромен замрзнат водопад. Овој бизарен потфат можеби личи на некое оригинално уметничко дело, но сепак станува збор само за стравот на Вен, да не остане дома без вода.
Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?Човекот живее во истиот стан веќе 35 години. Како што беше случајот и во многу други кинески градови, оваа зграда неодамна била закажана за демолирање, за да се ослободи простор за нов шопинг центар. Инвеститорите се обиделе да постигнат компромис, понудувајќи им пари на сопствениците на станови, со кои можат да купат живеалиште на некое друго место, но Хсју вели дека ја одбил нивната понуда, бидејќи не била доволно добра за да се купи пристојно место за живеење.
Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?Така, и покрај тоа што сите соседи веќе се иселени, тој останал во својот стар дом. Самотијата била доволно тешка за да се издржи, но изминатава зима тој имал уште поголем проблем со кој морал да се соочи. Ниските температури се заканувале дека ќе ги замрзнат цевките за вода во зградата, оставајќи го без проток на вода и без ниеден друг избор, освен да се отсели и тој. Но, очигледно не е личност којашто лесно се откажува, па затоа го смислил овој чуден план.

Бидејќи водата доаѓа од под земја, каде што температурите се над точката на смрзнување, Вен се сетил да ја остави пуштена славината цело време, за да го спречи замрзнувањето на цевките. Тој едноставно го пренасочил текот на водата од седмиот кат кајшто се наоѓа неговиот стан, надвор низ прозорецот кон фасадата на зградата, оставајќи ја жешката вода пуштена цела зима.Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?За негова среќа, овој огромен замрзнат водопад им го привлекол вниманието на интернационалните медиуми, како и на градскиот совет на Џилин, од каде што сега апелираат до инвеститорите да го решат проблемот со неговата релокација што побрзо. Вен се надева дека ќе добие подобра понуда, бидејќи осаменоста почнува навистина да му смета. Времето е малку потопло сега, така што не постои опасност од замрзнување на цевките, но ќе помине извесно време додека да се стопи ова масовно ремек-дело.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар