Што ќе се случи ако си го сокриете роденденот од Фејсбук?

Што ќе се случи ако си го сокриете роденденот од Фејсбук?

Што ќе се случи ако си го сокриете роденденот од Фејсбук? Ова прашање си го поставила младата блогерка Марија Адмира и одлучила да направи експеримент за да види што ќе се случи. Резултатите веројатно нема да ве изненадат.

Што ќе се случи ако си го сокриете роденденот од Фејсбук?

Нејзините блиски сепак ѝ го честитале роденденот

Порано голем дел од пријателите на Фејсбук ѝ го честитале роденденот на нејзиниот ѕид откако претходно добивале известување за тоа. Овој пат на тоа се сетиле само оние на кои таа им значи, како нејзиното семејство и најблиските пријатели. Тие не ѝ напишале порака на ѕидот, туку се јавиле да ѝ посакаат среќен роденден. Дури и некои луѓе со кои порано го славела роденденот, а сега веќе не е толку блиска со нив, се сетиле да ѝ пратат порака. Тоа направило да се почувствува многу убаво.

На тој ден правела само работи што сака да ги прави

Сега кога го сокрила својот роденден од пријателите на Фејсбук, таа можела да посвети повеќе време да прави што сака тој ден. Не морала да одговара на бројните пораки од луѓе кои можеби и не ги познава.

Немала моменти на краткотрајна среќа

Честитките на ѕидот на Марија ѝ носеле моменти на среќа кои траеле само по неколку секунди. Овој пат била лишена од нив, но затоа подолго траеле убавите чувства предизвикани од оние кои ѝ се јавиле без да добијат нотификација за тоа. Била опкружена само со пријатели со кои имала искрена и силна врска.

Почувствувала дека вреди повеќе

Таа почувствувала дека вреди повеќе отколку оние површни честитки на Фејсбук. Сега веќе не си ја мерела својата вредност според бројот на луѓе кои ќе се „сетат“ на неа после нотификацијата. Вели дека сега се почувствувала подобро и поради тоа што подобро се поврзала со сопствениот живот и она што реално се случува со него откако му откинала дел од неговата виртуелна реалност.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар