Што кажува за вас пијалакот кој го пиете?

Сте помислиле ли некогаш дека пијалакот што го пиете можеби го покажува вашиот карактер? Погледнете како пијалакот го открива вашиот карактер и карактерот на луѓето околу вас.

Црвено вино

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Вие сте личност која сака да се дружи, но преферирате да одите на забави каде ќе можете да зборувате со партнерот до вас. Избегнувате барови со премногу луѓе и хаотични домашни забави. Имате стил или барем сакате така другите да мислат за вас. Во виното уживате дури и ако го пиете од пластична чаша. Не сте претенциозни, но сонувате за денот кога ќе ги гледате луѓето од високо. Остроумност, организираност, професионалност и одличен стилски изглед се особини кои ве красат.

Пиво

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Креативни сте и сакате да експериментирате. Имате многу идеи и не се разочарувате ако не се земат веднаш предвид. Уживате во џезот, уметноста и во медиумите. Најчесто сакате да одите во пабови. Се дружите со различни луѓе и малку сте ексцентрични во однесувањето.

Ликер

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Обожавате домашни забави и најчесто сте веќе напиени пред да стигнете на забавата. Махери сте за опивање. Луѓето ве знаат, но никогаш не се сигурни за вашето име. Исто и вие. Не сте секогаш сигурни за имињата на луѓето кои се во вашето друштво. Добредојдени сте и пожелни на секоја забава. Вие сте од оние кои знаат добро да се забавуваат.

Бело вино/Вотка

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Вие сте сестрана личност и пиете во зависност од вашето расположение. Имате претприемачки дух и сакате одговорни функции. Модата ви е важна и секогаш сакате да изгледате беспрекорно. Независни сте и сакате да оценувате. Џорџо Армани е еден од многуте кој ужива во овие пијалаци.

Блади Мери

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Егзотични сте, а вотката ја обожавате. Имате хипи дух. Секогаш барате начин да го споите здравото со забавното.

Космополитен

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Вие сте најголем фан на серијата „Сексот и градот“. Овој сладок коктел ве прави да се чувствувате најсофистицирано.

Текила

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Кога пиете текила исто како да имате голем знак кој вели: „САКАМ ЗАБАВА!“ Вие сте диви, забавни, секси и сите очи се вперени во вас. Сакате долги, луди и незаборавни ноќи. Екстравертни сте и ослободени од секакви предрасуди.

Маргарита

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Кога го пиете овој пијалак, единствено нешто за што размислувате се големи палми и песочни плажи. Сакате забави на плажа и сите коктели кои одат со неа.

Виски

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Вие сте борец, но не во онаа лоша смисла на зборот. Едноставно, за секое прашање имате одговор. Темпераментни сте и избувливи. Луѓето не ве прашуваат што пиете, бидејќи и така ги гледаат проблемите на вашето лице.

Џин

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Не го сакате алкохолот, па затоа џинот ви е безбедна опција. Жедни сте за удобност и безбедност. Ја прифаќате реалноста, се фокусирате кон домот, семејството и пријателите. Сакате среќен крај на филмовите, сапунски серии. Модата вешто ве одминува.

Рум

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Се претпоставуваат две работи: или сте пират или сакате да се напиете од љубопитност.

Шампањ

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Романтични сте и не се грижите за тоа што мислат другите околу вас. Сакате да флертувате и сигурни сте дека со чаша шампањ, тоа одлично ви оди.

Мартини

Што кажува за вас пијалокот кој го пиете?

Вие имате одличен вкус и доволно пари за да нарачате минимум уште две мартини. Можеби Џејмс Бонд ви е идол.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. irena Reply

    jas gi sakam site

  2. Vane Reply

    dobro pivo i zdrav SEKS nikogas dosta hahah

  3. Nuna Reply

    steta go nema mojot pijaklok jas iskljucivo samo UZO pijam :)))))

    • Dancho Reply

      според објаснувањето за Космополитан… тебе би ти излегло дека си љубител на Грција, сончеви плажи, сакаш уживање, и мирен живот :)

  4. marija Reply

    nema nisto za campari

  5. windy Reply

    nema nisto za konjak :S:S

    • jas Reply

      koj crn konjak be.. site piete badel, smrdlivo bendi i go narekuvate konjak.. nccc

      • pross Reply

        tacno drugar, ako probale oni Konjak eve na…pijat najeftino albansko brendy , a razlika ko od fico do mercedes

  6. homemaker Reply

    a shtokot kade vi e???

  7. Ica Reply

    VODKA bre?! poznato pienje e ejjjj

  8. Ivica Reply

    dobro de samo znaete da prevedete od stranskive sajtovi, aj objasnete nesto za Rakija……

    • Кафе пауза Reply

      Тоа во друга прилика. Оваа селекција е сепак на пијалаци кои се пософистицирани, како за во кафуле, бар или дискотека. Но, добар предлог е да направиме и преглед на значењето на се што сè конзумира во кафеаните :)

  9. sara Reply

    a bejlis

  10. Ики Reply

    Рум – Се претпоставуваат две работи: или сте пират или сакате да се напиете од љубопитност.

    Ах, да, како ме сетивте дека сум пират :)

Остави коментар