Што кажува за вас начинот на кој патувате?

Што кажува за вас начинот на кој патувате?

Што кажуваат за вас дестинациите на кои најчесто патувате или за кои сонувате дека еден ден да ги посетите? Дали патувањето за вас е само бегство од реалноста или пак, начин на живот?

Што кажува за вас начинот на кој патувате?

Бекпекери

Патниците со ранец се најпопуларните патници ширум светот. Вие сигурно сте сфатиле дека времето е најважно. Можеби сте работеле канцелариска работа од 8 до 4 откако сте завршиле факултет, каде добро сте заработувале, но сте чувствувале дека вашата душа полека истекува од вас секогаш кога доаѓате на работното место. Токму затоа и тргнувате во вакви авантури, со цел да го вратите повторно вашиот дух. Најчесто овие патници можат да се забележат по големиот ранец, сами или со пријателите, обидувајќи се да уживаат во животот.

Парови

Оваа категорија патници има неколку поткатегории. Можно е да сте го започнале патувањето сами, а потоа да сте продолжите заедно, или можеби сте тргнале на заедничко патување. Исто така, вие сте или неразделни во текот на целиот ден или да сте навикнати одделно да ги посетувате местата кои ви се допаѓаат. Во секој случај вие се фотографирате како и сите туристи, на познатите локации со цел да поставите стандард кој ќе сакаат да го достигнат и останатите парови, со вашите прекрасни и оригинални фотографии.

Културолози

Вашата цел е длабоко да се поврзете со местата кои ги посетувате. Сакате да ги откриете нијансите на локалното население, храната, музиката и природата. Стандардните туристички дестинации се само мал дел од она што вие сакате да го откриете во светот. Се подготвувате за вашето патување учејќи го јазикот што се зборува во следното место кое ќе го посетите, јадете во локални ресторани и патувате наоколу со јавен превоз. Без разлика дали се работи за едногодишна пауза од школувањето, одмор или пензија, вие сте тип човек кој исчезнува, за после неколку години да биде пронајден како поглавар на локално племе. На светот му се потребни повеќе луѓе како вас.

Историчари

Историјата и науката се главните причини поради кои патувате. Вашите патување се испланирани така што постојано ќе добивате нови информации, но без строгата структура на академското опкружување. Посетувате музеи, ја истражувате значајноста на културолошките локалитети (посебно тие кои се поврзани со вашето наследство) и обожавате тури со туристички водичи. Често разговарате со водичите или им кажувате интересни факти на останатите патници. Вообичаено изгледате како спореден лик од филмот „Индијана Џонс“.

Луѓе од природата

Уживате во дивината и допирот со недопрената страна на светот. Воодушевени од новите откритија, целосно се впуштате во светот на природата со голема приспособливост и со оптимистички размислувања. Истражувањето на природното опкружување околу вас е најважниот дел од вашето патување. Ненамерно, вашата храброст ги инспирира и другите да почнат да патуваат или да продолжат да патуваат, откривајќи нови природни убавини. Вие сте флексибилни и сакате да патувате сами или во мала група. Често планинарите, скокате од карпи или се нишате од дрво на дрво како Тарзан.

Хедонисти

Тоа го правите заради возбудата. Сѐ што е забавно, различно и интересно е токму за вас. Вие не сте тип на човек кој целиот ден би го поминал денгубејќи на плажа. Нема да се задоволите со ништо, сè додека тоа што го правите не побуди емоционален одговор и не ве направи да се чувствувате живи. Најчесто вие сте оние кои раскажуваат приказни кои звучат премногу неверојатно за да бидат вистински или ги убедувате другите да пробаат нешто ново. Вие сте опуштени и не брзате да стигнете на вашата следна дестинација, а веројатно имате долга, бушава коса и не се грижите многу за облеката и чевлите.

Опуштени патници

За вас патувањето е начин да излезете од секојдневната рутина и да се релаксирате и одморите. Живеете брз и динамичен живот и потребно ви е полнење на батериите. Одвреме-навреме посетувате нови места, но среќни сте и ако ги посетите вашите роднини за празниците. Вашиот идеален одмор е патување за свадба. Вие сте тие кои за време на појадокот ќе се напијат вотка со сок од боровинка и ќе завршат пијани на плажа.

Повторувачи

Од патувањето очекувате стабилност и удобност. Не сте тип на човек кој ќе организира патување околу светот. Вашата идеја за патување е да не сте во вашиот дом, но да немате проблеми со брза адаптација. Иако сакате да си поминете убаво на патувањето, сепак не се грижите премногу за организацијата. Понудените аранжмани за одмор и туристичките тури со водичи се најдоброто нешто за вас.

Патници на кратки дестинации

Сакате да избегате од секојдневието, но ретко одите многу далеку од дома. Сакате да одите на викенд во блиската викендичка, да посетите некој национален парк или да одите на одмор во село. Без разлика дали патувате со нив, или ги посетувате, пријателите и семејството ви се најважен дел од патувањето.

Духовни трагачи

Веројатно ова прво им паѓа на ум на повеќето луѓе кога помислуваат на патување. Има големи шанси дека претходно сте биле несреќни со правецот во кој се движел вашиот живот. Лошата врска или некој неуспех во животот ве втурнале во депресија и сега патувате низ светот за повторно да се пронајдете себеси. За вас патувањето претставува трансформација. Во сите ваши патувања барате значење и длабока врска со вашата душа.

Луксузни патници

Кој вели дека патувањето мора да биде со испланиран буџет? Немате проблем да престојувате во хотели со пет ѕвезди или во луксузни апартмани. Местата кои најчесто ги посетувате се големите светски метрополи, шопинг центри и скапи ресторани. Зошто да го пакувате вашиот живот во мал ранец, кога можете да го спакувате во голем куфер од Луј Витон? Имате личен возач каде и да одите, а кога се чувствувате расположено се возите со хеликоптер.

Сѐ што може да се направи, вие можете подобро

На патувањето му пристапувате како Мајкл Џордан на кошарката, со силен натпреварувачки дух. Сакате да посетите што повеќе земји за што пократко време. Сакате да планинарите на највисоките планини. Сакате да нуркате на дното на океанот без боца со воздух. Зошто да патувате ако не можете да се пофалите што сте постигнале?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар