Што кажува вашиот ракопис за вас?

Што кажува вашиот ракопис за вас?

Неверојатно е тоа колку работи можат да се откријат благодарение на ракописот на еден човек. Исто како и говорот на вашето тело, така и ракописот може да каже многу работи за вашиот карактер, дури може и да се искористи за да откријат одредени сериозни здравствени проблеми. Следуваат главните одлики на калиграфијата кои ја дефинираат вашата личност…

Што кажува вашиот ракопис за вас?

Големината е важна

При анализата на вашиот ракопис, големината е од витално значење. Ако пишувате со крупни букви, вие сте екстровертна личност. Вие сте комуникативни, самоуверени и лесно ви е да воспоставите контакт со нови луѓе. Не ви пречи да бидете во центарот на вниманието. Доколку пишувате со ситни букви, голема е веројатноста дека сте интроверт. Вие сте фокусирани, внимателни и срамежливи. Секогаш обрнувате внимание на деталите и ги анализирате луѓето пред да почнете да се чувствувате сигурно и пријатно во нивно друштво.

Просторот што го оставате помеѓу зборовите и буквите

Ако оставате голем простор помеѓу зборовите, тоа е показател дека тешко им верувате на луѓето. Сакате да поминувате време сами и избегнувате контакт со други луѓе. Доколку оставате среден простор, тоа покажува дека ви е пријатно да бидете во друштво со луѓе. Ако, пак, пишувате оставајќи мал простор, постои можност дека сте малку нестабилни кога станува збор за емоциите и размислувањата. Постојано чувствувате потреба да бидете околу луѓе и не можете да поднесете да бидете сами.

Средниот простор помеѓу буквите покажува дека сте самоуверена и независна личност. Буквите напишани блиску едни до други, покажуваат дека ви е непријатно да бидете сами и укажуваат на недостаток на самодоверба.

Закосеност на буквите

Ако сите букви ви се поставени право, без да закосуваат, вие сте практични, разумни и урамнотежени. Знаете да ги контролирате емоциите и ситуациите во вашата околина. Меѓутоа, доколку вашите букви закосуваат на десно, вие имате помалку контрола и сте поотворени за нови искуства. Сакате да запознавате нови луѓе и промената ве возбудува. Но, постои и трета опција: Ако ги закосувате буквите на лево, тогаш сте повнимателни и срамежливи. Не сакате да бидете во центарот на вниманието, но добро се снаоѓате во тимска работа.

Каде ја ставате точката на „ј“

Точката на „ј“ се чини како сосема неважен детаљ, но ќе бидете изненадени кога ќе дознаете колку всушност таа открива за вас. Ако ја ставате точката високо, веројатно имате бујна имагинација. Вие постојано сонувате со отворени очи и со главата летате во облаците. Ако ставате цртичка наместо точка, вие знаете премногу да критикувате и да набљудувате. Секогаш сакате да го извлечете најдоброто од себе, но никогаш не сте задоволни бидејќи сметате дека сте можеле подобро. Ако користите крукче или друг симбол наместо точка, вие сте креативни и често се однесувате незрело. Сакате да си играте и да извлечете корист од секоја ситуација каде ќе ви се укаже прилика да оставите личен печат на она што го правите.

Притисок

Притисокот што го користите додека пишувате на хартија, зборува за вашата виталност и лична сигурност. Ако притискате многу кога пишувате, тоа значи дека сте силни, самоуверени и сигурни во себе. Многу сте посветени и секогаш гледате напред. Но, ако малку притискате кога пишувате, голема е веројатноста дека сте чувствителни и емпатични. Секогаш се сомневате во себе и тешко ви е да донесете одлука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар