Што е сексомнија и како изгледа животот со ова нарушување?

Што е сексомнија и како изгледа животот со ова нарушување?

Сексомнијата се дефинира како состојба во која луѓето учествуваат во сексуални активности додека спијат.

Што е сексомнија и како изгледа животот со ова нарушување?

Веројатно сте чуле дека постојат луѓе кои месечарат, имаат кошмари од кои ненадејно се будат во страв, па дури и за такви кои несвесно стануваат навечер и јадат. Но, можеби не сте чуле за сексомнијата, која ги тера луѓето да учествуваат во сексуални активности, кои варираат од испуштање сексуални звуци и правење пелвични движења на телото до мастурбирање и сексуален однос, сето тоа додека спијат.

Оваа состојба спаѓа во групата нарушувања кои предизвикуваат невообичаено однесување на нервниот систем за време на спиењето, кои заедно се познати под терминот парасомнија. Сепак, сексомнијата е релативно непознат поим за повеќето луѓе, иако во последно време докторите и истражувачите ја истражуваат со цел подобро да ја разберат и да пронајдат начин да ја третираат.

Наспроти мислењето на луѓето кои слушнале за оваа состојба, искусувањето сексомнија не е резултат на потиснати фантазии или девијантни мисли, но може многу да ги афектира оние кои го делат креветот со некого кој страда од вакво нарушување.

Во некои случаи луѓето со сексомнија искусуваат невообичаен или вознемирувачки настан во текот на спиењето, но во други ретки случаи, ова нарушување може да биде причина за сексуално малтретирање, што секако може да биде многу непријатно, па и опасно за околината, без разлика дали се работи за романтични партнери или потесното семејство.

Што е сексомнија и како изгледа животот со ова нарушување?

Стивен Клинк, кој има напишано повеќе текстови на оваа тема како резултат на неговото лично искуство, споделува како почнал да ја забележува оваа состојба. Тој вели дека уште како дете месечарел, за подоцна во животот да почне да се вклучува во сексуални односи со неговата девојка, притоа не сеќавајќи се на самиот чин. Будењето настапувало или веднаш по сексуалниот однос или дури наредното утро. Така, за него и неговата девојка тоа било всушност пријатно искуство, што не е случајот кај многу други луѓе.

„Се случуваше во темница, секогаш беше така. Пред околу три години почнав да сонувам соништа со непозната жена. Имавме физичка конекција. Секогаш кога јас и таа ќе се најдевме на исто место, работите инстантно стануваа жешки, без никаква размена на зборови или погледи. Но, ова не беа обични соништа. Овие соништа се претопуваа со реалноста. Набрзо сфатив дека оваа непозната жена е всушност мојата девојка, која лежи до мене во креветот. Чувството е како да сте во некој бизарен влажен сон кој се преклопува со реалноста доволно за да го направи реално, но не доволно за да го напушти нереалното“ – објаснува Стивен.

Бидејќи истражувачите неодамна почнале да ја истражуваат сексомнијата, тешко е да се каже колку луѓе страдаат од ова нарушување. Во студијата спроведена во Западната болница во Торонто, Канада, од 832 пациенти со нарушување во спиењето, 7,6% искусиле сексомнија. Сепак, помеѓу општата јавност, истражувачите сметаат дека овој број е помал.

„Ако ги погледнеме ваквите однесувања од аспект на полот, жените скоро секогаш се вклучуваат во самостимулирачки активности и сексуални вокализации, а мажите се повеќе склони кон несоодветни допири, движења и сексуални односи“ – вели Д-р Мајкл Крејмер Борнмен, истражувач на спиењето и водечки експерт за сексомнија во Здружението за форензика на спиењето.

Интересен е и фактот дека сексомнијата многу често се користи како изговор во судниците. Така, адвокатот Рајан Јонгрен вели дека има водено случаи во кои напаѓачите неуспешно се обидувале да ја искористат сексомнијата во своја одбрана со цел да не бидат осудени како виновни за сексуален напад или сексуално малтретирање.

Во овој момент не постои лек за сексомнија, но оние кои имаат проблем со ова нарушување можат да побараат помош за третирање со традиционални медикаменти, како и да го намалат нивото на стрес, да одбегнуваат отсуство на сон и да го намалат внесот на алкохол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар