Шпион-камера помеѓу поларните мечки

Иновативниот режисер на филмови за дивиот животински свет, Џон Доунер употребува прикриена дигитална технологија, за да и ги доближи изолираните диви животни на човечката публика. Неговиот последен проект се фокусира на прекрасните, но сепак загрозени поларни мечки.Шпион-камера помеѓу поларните мечкиДоунер употребува три вида камери за да го следи животот на две мајки мечки како се движат низ Артичка Норвешка во потрага по места за ловење фоки и засолништа за преживување. Тој не дозволува ледените услови да му застанат на патот во правењето на филмот, а трите камери му нудат уникатен начин за „фаќање“ на мечките.Шпион-камера помеѓу поларните мечкиШпион-камера помеѓу поларните мечки„Снежната“ камера, која наликува на грутка снег е придвижена од четири тундра (тркала) за да не заглавува на мразот и на снегот. Камерата „Бура“ е опремена со пропелери што и овозможува да достигне брзина и до 60 километри на час, додека камерата „Ледена санта“ не пропушта вода и може да маневрира помеѓу карпите и мразот за да ги фати мечките како пливаат во водата.  Шпион-камера помеѓу поларните мечкиКамерите не секогаш се вклопуваат во пустата Артичка околина, па така при крајот на минатата година мечка-мажјак намирисал осигурувач од камерата и со неговите моќни шепи ја уништил опремата, вредна околу 200.000 американски долари. За среќа другите камери успеале да го снимат целото дејство, прикажувајќи ја импресивната итрост и сила на мечката..

Шпион-камера помеѓу поларните мечкиШпион-камера помеѓу поларните мечкиШпион-камера помеѓу поларните мечки

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар