Шокантни факти за водата

Додека светот се расправа поради баналности од типот на националност и религија, постојат некои многу поголеми проблеми за кои не се дига премногу врева во медиумите. Недостатокот на чиста вода за пиење е еден од тие проблеми, а овие факти ќе ви покажат зошто.

Шокантни факти за водата

    • Повеќе од 1,5 милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода која е безбедна за пиење.
    • Речиси 4 милиони луѓе умираат секоја година поради болести поврзани со чистата вода за пиење.
    • Една веце-шолја користи речиси 8 литри чиста вода при едно пуштање.
    • Во секое време, речиси половина од сиромашните луѓе во светот се борат со некоја болест предизвикана од лоша хигиена или нечиста вода.
    • Потребни се 11.000 литри вода за да се произведе еден килограм кафе.
    • Дури половина од училиштата во светот немаат пристап до чиста вода, ниту располагаат со адекватни санитарни услови.
    • Потребни се 300 литри вода за да се испечати еден неделен магазин.

Шокантни факти за водата

    • 70% од водата која се употребува оди за земјоделски цели, а индустријата користи 22%.
    • Сите деца заедно губат 443 милиони училишни денови поради болести поврзани со нечиста вода.
    • Жените во некои подрачја од Африка и Азија пешачат во просек по 6 километри секој ден за да набават чиста вода за пиење.
    • Машината за миење садови во просек користи 100 литри за едно миење.
    • Потребни се неверојатни 5.000 литри вода за да се произведе еден килограм ориз.
    • Дури 80% од сите болести во неразвиениот свет доаѓаат од причини поврзани со водата.
    • За ископување на нов извор на чиста вода се потребни од неколку стотини до околу 20.000 евра.
    • Преку 2,6 милијарди луѓе во светот не живеат во достојни хигиенски услови.
    • Просечен Американец користи повеќе вода за едно туширање отколку човек од неразвиениот свет во текот на целиот ден.
    • Една третина од луѓето кои немаат пристап до чиста вода живеат со помалку од еден долар (45 денари) на ден. Две третини од нив живеат со помалку од два долари дневно.

Шокантни факти за водата

  • Просечно американско домаќинство троши осум пати повеќе вода во споредба со просечно индиско домаќинство.
  • Индиското стопанство губи работници поради боледувања поврзани со водата во вкупен збир од 73 милиони денови годишно.
  • Децата во субсахарска Африка имаат 500 пати поголеми шанси да умрат од дијареја во споредба со децата кои живеат во Европа.
  • Дури 2,6 милијарди луѓе во светот немаат пристап до адекватни санитарни објекти. 1,2 милијарди немаат пристап до никаков санитарен објект.
  • Вообичаено, бројот на смртни случаи во Африка предизвикани од дијареја е за 5-10 пати поголем од оние кои животот го загубиле во војна.
  • Само едно миење на рацете го намалува ризикот од дијареја за 35%.
  • Компаниите кои продаваат флаширана вода заработуваат помеѓу 60 и 80 милијарди долари годишно.
  • На секои 15 секунди умира по едно дете поради болест поврзана со нечиста вода. Тоа се околу 12 деца откако почнавте да го читате овој текст. До утре ова време уште 2.500 деца ќе умрат.
  • Само еден долар е доволен за да се обезбеди чиста вода за пиење за едно дете од неразвиениот свет за цела година.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар